Хемија

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Во основа, јас не сум љубител на ниту една од природните науки. Едноставно немам шљив за такво нешто. Подобро ми е да седнам и да прочитам 20.000 страници преполни објаснувања и дефиниции за општеството, раскази за минатото, отколку да седнам и да решавам задачи - не им ја сфаќам поентата и не ми е воопшто привлечно.
НО, бидејќи морав, се натерував себе си, и се обидував да стигнам барем до скромна тројка па на крај година да се смилуваат и да пишат четворка, колку за успех(во мое време не постоеше државна матура да ми помогне да влезам на факултет, потребен беше просекот)
Е сега - ова е земено за другите природни науки - освен Хемијата.
По Хемија, имав 5тка, а знам најмалку од сите. Ми предаваше таква професорка, всушност не ми предаваше туку само кажуваше услов дека мора дадеш 500 денари, за да отидеш кај неа „на дополнителни часови“ и таа ќе ти го даде тестот, и ти ќе си го решиш и ќе си имаш 5тка. Така да, јас годишно си одвојував 2000 денари за Хемија и оценката беше купена.
- И така да, неможам да кажам дали ја сакам или мразам Хемијата, кога... никогаш не сум седнал да учам.
Се извинувам за оф-топик ама морам да кажам :)
Никогаш не ми било јасно како некој може да не ги сака природните науки.
Знам, знам, сите имаме различни интереси, различни дарби, различни таленти.
Ама во природните науки се кријат правилата, законите, начините, соодносите.
А во познавањето на правилата се крие бесконечноста.
Колку и да изгледаат како константни, односно колку и да изгледаат како нешто што ограничува, правилата, особено оние во природните науки, се токму спротивното.
Во нив лежи огромна инспирација за било која уметност. И во нив е „тајната“ за ослободување на умот, за поместување на границите, за правење чекор понатака, подалеку, повисоко.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849

Се’ тоа си е во ред. И е многу точно. Некој го сфаќа подоцна, некој порано, некој воопшто.
Јас сум од тие што го сфатиле, ама не го примениле.
Зошто? Од инает. Кон што? Незнам.
 
warr

Староседелец
17 февруари 2012
187
214
643
Тетово
По Хемија, имав 5тка, а знам најмалку од сите. Ми предаваше таква професорка, всушност не ми предаваше туку само кажуваше услов дека мора дадеш 500 денари, за да отидеш кај неа „на дополнителни часови“ и таа ќе ти го даде тестот, и ти ќе си го решиш и ќе си имаш 5тка. Така да, јас годишно си одвојував 2000 денари за Хемија и оценката беше купена.
Истата приказна... Ми предаваше едно старо жениче на 60тина године. Ние и бевме последна генерација, пред да оди у пензија. Ама ја не одев кај неа на „дополнителни часови“, па затоа колку и да учев имав 3ка.
Хемијата на почеток ја сакав, ама после ја замразив, едно што не објаснуеше убаво, а друго што губев желба да учим кога знаев дека не можем да добием поголема оцена.

Толку му бев љубоморен на брат ми што имаше млада, тазе дипломирана професорка.
Колку сум се смеел на оваја тема. Ние цел клас бегавме од хемија, а кај нив немаше ни еден отсутен.
 
Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Ни сум скарана со предметов ни па го сакам многу..имав проблеми малце во 1-ва и втора ама сега си е супер а и професорката што ми предава е срцка :)

526812_551718301527460_794749893_n.jpg
:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: D.Kettering and The Tramp

Makedonka

Нов член
15 април 2022
18
3
3
Основно не го обожавав. Но , кога отидов средно, сфатив дека наставникот воопшто не се трудел да го направи интересен. Професорката ги објаснува едноставно и мноогу разбирливо задачите. Прекрасно ми е , и затоа имам одлична оцена. Значи професорите се клуч за успех.