Понекогаш се шетам во природа, идам на Водно и гледам отпад. Од ден до ден се повеќе отпад. Корпи има на повеќето места, но тоа е македонската култура, да фрлаш кај ќе најдеш. И кога ќе прашаш некој зошто фрлаш, и ќе ти одговори, па сите фрлаат.
Мене ме интересира дали постои некоја контрола, некој што гледа што прави народов.
Што мислите, дали треба строги казни?
Скопје е претворен во најзагаден град во Македонија. А и во другите градови не е нешто подобра ситуацијата. Дали треба да се превземат построги мерки за да се научат луѓето да фрлаат во корпа?
140 пријави за прекршување на јавната чистота се поднесени до гостиварската полиција, во текот на изминатата 2011 година. Од полицијата е возвратено на сите пријави со покани за наплата на глоба и записници за општокорисна работа, доколку прекршителите не сакаат да ја платат глобата.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски рече:
„Најголемиот број од прекршоците се однесуваат на фрлање отпадоци на јавни површини, опушоци, хартиена амбалажа и друго. Значителен дел од прекршоците во овој период се однесуваат и на транспортирање на отпадоци во несоодветни превозни средства, камиони без церади и друго. Казни заработиле и оние кои самоволно изложувале земјоделски и други производи на улици и тротоари.“
Каде се сега?
Еве како завршуваат корпите за отпадоци: