Фрлање на отпадоци

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,279
2,353
113
Софија
Понекогаш се шетам во природа, идам на Водно и гледам отпад. Од ден до ден се повеќе отпад. Корпи има на повеќето места, но тоа е македонската култура, да фрлаш кај ќе најдеш. И кога ќе прашаш некој зошто фрлаш, и ќе ти одговори, па сите фрлаат. (facepalm)
Мене ме интересира дали постои некоја контрола, некој што гледа што прави народов.

Што мислите, дали треба строги казни?
Скопје е претворен во најзагаден град во Македонија. А и во другите градови не е нешто подобра ситуацијата. Дали треба да се превземат построги мерки за да се научат луѓето да фрлаат во корпа?

140 пријави за прекршување на јавната чистота се поднесени до гостиварската полиција, во текот на изминатата 2011 година. Од полицијата е возвратено на сите пријави со покани за наплата на глоба и записници за општокорисна работа, доколку прекршителите не сакаат да ја платат глобата.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски рече:
„Најголемиот број од прекршоците се однесуваат на фрлање отпадоци на јавни површини, опушоци, хартиена амбалажа и друго. Значителен дел од прекршоците во овој период се однесуваат и на транспортирање на отпадоци во несоодветни превозни средства, камиони без церади и друго. Казни заработиле и оние кои самоволно изложувале земјоделски и други производи на улици и тротоари.“

Каде се сега?

Еве како завршуваат корпите за отпадоци:
02.jpg
 
  • Like
Реакции: ~ Скарлетка ~

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Треба построги казни, само така ќе се опамети народот. Јас најискрено, ако имам било какво ѓубренце, или го фрлам во корпа, или го ставам во торба. Некако не можам да го фрлам на земја, имам чувство како дома да го фрлам на под. Како можат во западна Европа да ги одржуваат чисти улиците, тротоарите, СЕ? Кај нив не смее ни да се плукне надвор, и тоа се казнува. Така само треба. Многу се надевам дека еден ден ќе го видам мојот град чист.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,231
17,758
1,673
На сигурно
Кога ке прочитам муабети од типот,македонска работа,тоа шо значи?Тој што го напишал тоа не е македонец?
Македонска работа отпадоците,македонска работа немањето на забави,па ако секоја негативност ја нарекуваме македонска работа,шо седиме во државава?Зошто се птравиме патриоти после,а прво на се македонско плукаме,и секоја негативност што лугето ја прават викаме дека е македонска работа.
Не мислам дека треба построги казни,со казни ништо нема да се направи,и доста од казните,лугето немаат леб да јадат а не казни да плакаат.
Се е до самосвест.Денес ке го казниш но ако не се направат работи со кои ке се зголеми самосвеста кај народот,џабе е се.
Строги казни за ова,строги казни за она,па неможе преку нок од ут сокол да се претвори.
Ке даваме време на економијата да се подобри ама на народот нема да му дадеме време,ке му опниме казни а тој нека му ја мисли како ке ја плати.
А исто да напоменам,и мене ужасно ми сметаат отпадоците насекаде,ама не се начин казните.Тоа е само најлесен начин за да се воведе,од што нема да има некој обврска за да изнајде друг модул кој ке биде успешен а нема да се осети на џебот на народот.
И да не образложувам повеке оти ке треба да навлезам во политика.
 
  • Like
Реакции: slb_bobo

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,231
17,758
1,673
На сигурно
Треба построги казни, само така ќе се опамети народот. Јас најискрено, ако имам било какво ѓубренце, или го фрлам во корпа, или го ставам во торба. Некако не можам да го фрлам на земја, имам чувство како дома да го фрлам на под. Како можат во западна Европа да ги одржуваат чисти улиците, тротоарите, СЕ? Кај нив не смее ни да се плукне надвор, и тоа се казнува. Така само треба. Многу се надевам дека еден ден ќе го видам мојот град чист.
Ако веке споредуваме со западна Европа,и сакаме да ги имаме истите ефекти како таму и за фрлањето на отпадоци и свеста на народот ококу тоа,прво да се потрудиме и другите работи да му ги приближиме на народот како што се таму.
Или пак како што побавно се приближуваме на другите полиња така и на ова.
Постепено се ке се среди.Или она што треба да го стори народот може веднаш,а тој што треба да му ги створи условите на народот за да живее во таква држава,за него дозволено е одлложување и време.
Па ајде,нека удрат по џебот на народот,и онака веке малку удираат,уште фали да се построги казните.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Ако веке споредуваме со западна Европа,и сакаме да ги имаме истите ефекти како таму и за фрлањето на отпадоци и свеста на народот ококу тоа,прво да се потрудиме и другите работи да му ги приближиме на народот како што се таму.
Или пак како што побавно се приближуваме на другите полиња така и на ова.
Постепено се ке се среди.Или она што треба да го стори народот може веднаш,а тој што треба да му ги створи условите на народот за да живее во таква држава,за него дозволено е одлложување и време.
Па ајде,нека удрат по џебот на народот,и онака веке малку удираат,уште фали да се построги казните.
Правиме муабет за фрлање на отпадоци надвор од корпите, затоа само тоа го споредувам во дискусијава. И да, сметам дека треба да се удри по џебот, ако фрлаш на земја и те фатат, ќе си платиш казна како знаеш, без разлика дали си сиромашен или не. Друг пат нема да ти текне да фрлиш. Па ако ти е до парите, а не до околината, тогаш ќе бидеш уште повнимателен со фрлање, нели, за да не платиш казна, не за да биде убава околината.
А до кога ќе чекаме на друг систем? Од кога сме самостојна држава чекаме и ќе продолжиме да чекаме, можеби на некој ќе му текне, во меѓу време ќе си остане валкано. А тие пари што ги имаме, ќе ги дадеме, на пример на мастики, и омотот, оп на земја. Не викам ти, или јас, ете, некој на кој тоа му е навика. И полицаец ако го види, може само да го опомене. Не иде тоа така.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,279
2,353
113
Софија
Ако веке споредуваме со западна Европа,и сакаме да ги имаме истите ефекти како таму и за фрлањето на отпадоци и свеста на народот ококу тоа,прво да се потрудиме и другите работи да му ги приближиме на народот како што се таму.
Или пак како што побавно се приближуваме на другите полиња така и на ова.
Постепено се ке се среди.Или она што треба да го стори народот може веднаш,а тој што треба да му ги створи условите на народот за да живее во таква држава,за него дозволено е одлложување и време.
Па ајде,нека удрат по џебот на народот,и онака веке малку удираат,уште фали да се построги казните.
И јас сум за построгите казни да се удрат. Да се опамети веќе, еднаш засекогаш. Странци доаѓаат во државава и што да помислат кога ќе видат ѓубре насекаде? :mad:
Јас да сум на нивно место не ни стапнувам во државава и ќе ја колнам до гроб.
Оди види во Словенија дали има отпадок на улица, или во Италија. Ако сакаш во ЕУ да влезеш и државата да оди напред...ќе правиш исто што прават и земјите во ЕУ. А со отпадоциве никаде не одиме. Гад да ти е да излезеш надвор.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,231
17,758
1,673
На сигурно
Јас да одам да видам? :)
Сум видела и повеке од што треба.
Но кога сум разгледала сум видела и малку пошироко а не само околу чистотата на околината.
Нефрлањето отпадоци вон канта треба да го направиме заради нас самите,ние ке си живееме во таа околина,а не заради тоа што некој ке дојде од страна,ке види и ке се посрамотиме.
ПОбитно ми е јас во каква околина ке живеам отколку што ке кажат гостите.
Не реков да чекаме за нов модус како да ги натераме лугето да ја чуваат својата околина,туку дека некој треба успат да поработи малку и на тоа поле,како што има други кампањи за подобрување на самосвеста на народот,така треба нешто да се преземе и од овој аспект.
Казните и сега постојат и тоа одамна,па пак нема ефект.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,279
2,353
113
Софија
Кои казни кога никој нема на терен? |-(
Скопје треба да зема пример од Кочани и Гевгелија како најчисти македонски градови.
Само со казни можеш да го научиш народов да не загадува. И 100 евра да му пишеш да не го жалиш. Па да видиш како ќе се научи да не фрла другпат.
 
  • Like
Реакции: ~ Скарлетка ~

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Да биде казната, на пример 100 евра, имам чувство дека многу ќе се намали ѓубрето низ градов. А ако немаш можности или не сакаш да си платиш казна, ќе си обработиш денови комунална. А може тоа да е единствената казна, ако фрлиш, да мора да чистиш недела дена. Иронија.
А имаше еден фестивал Аларм, не знам што се случи со него. Изгледа повеќе им е на луѓето до журкање, отколку до кревање на свеста. Би било супер да има повеќе, па можеби и ќе упали.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,231
17,758
1,673
На сигурно
Кои казни кога никој нема на терен? |-(
Скопје треба да зема пример од Кочани и Гевгелија како најчисти македонски градови.
Само со казни можеш да го научиш народов да не загадува. И 100 евра да му пишеш да не го жалиш. Па да видиш како ќе се научи да не фрла другпат.
Ако треба да се базираме на Гевгелија,како поуспешен во постигнувањето на она за почиста околина,од сигурни извори потврдувам дека тоа не се постигна со казните.
Мада Скопје а и било кој град што е поголем е малку потешко,и затоа викам дека треба време,треба и казни,да но само со казни нема да се добие посакуваниот ефект.
А околу она дали има некој на терен,да,има,ете познаничка моја пред 8 месеци доби казна од 50евра за фрлен пикавец од цигара во Скопје.Ама изгледа од тој ден,нема никој излезен на терен :giggle