Форум, a?!

Статус
Затворена за нови мислења.

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Јаска сакам нешто да кажам и сакам да го кажам токму тука.
Се ближи годишнината на форумов, нека е за арно, од срце посакувам уште многу успешни и исполнети со дискусии од секаков вид и род :D
Може ќе сум тука, може не, може ќе се логирам пак, може не, зависи и од обврските и од атмосферата. Со сила никој ни ме бара, ни ме сака, нели? Ни мене, па ни било кој друг член.

Ќе должам малку, истрпете ме, и онака одамна ме немаше, а знам дека ви фалев ептенски :cool:
Интересно е кога човек имал можност да биде и од едната и од другата страна на приказната. Ако ништо друго, барем може да ги гледа работите тродимезионално.

Точно е дека да се модерира форум не е баш едноставна работа. Но точно е и дека не е па ни толку битна одговорност, уште помалку функција и дека многу малку, скоро ич, истата таа значи, влијае или менува во она што се вика реален живот.

Ама кога веќе ќе ја прифатите одговорноста која некој ви ја понудил првенствено зашто имал доверба во вас, тогаш не е сосема возможно да не се промени ама баш ништо во вашите ставови и вашето однесување. Зашто додека како член си се застапувате само себе и изнесувате мислења само во сопствено име, како модератор веќе застапувате нешто што донекаде би можело да се нарече лице и образ на еден тим од луѓе кои една идеја ви ја направиле достапна и реална.
Кога го пишувам ова, не мислам на сите мислења изнесени во секоја тема каде што сте дискутирале, туку мислам на оние мислења и постапки со кои делувате и влијаете токму како дел од тимот кој одлучува дали, што и како нешто ќе биде.

Најпросто кажано - јас, лично јас, обожавам оф-топик мислења. Ете, наречете ме сега трол ако сакате, но тоа сум јас. Личност која и во најсериозните теми сака да забега на друга страна, зашто смета дека не е во школо ниту на испит, и уште поважно зашто смета дека смислата за хумор (а таа најчесто се гледа преку оф-топиците, макар биле тие и најбесмислени) е најдобриот показател за карактерот на една личност (колку е интелигентна, колку се познава себесеи, каков однос има кон другите луѓе, колку има храброст да си ги согледа недостатоците прифаќајќи мајтап на сопствена сметка... ). А сепак, додека бев модератор се воздржував колку што можев и не забегував пишувајќи оф-топици.

Навистина е невозможно, колку и да имате желба, да следите апсолутно сѐ што се пишува и да реагирате на време. Не е толку едноставно и да процените точно во кој момент треба да реагирате, како треба да реагирате, односно колку строго или љубезно.

Се соочувате со еден куп различни карактери кои размислуваат и делуваат секој на свој начин, соодветно на сопствениот карактер. Некогаш ќе бидете и дрски ако треба, но некогаш и ќе прогледате низ прсти.

Е сега воспоставувањето на рамнотежа и уште побитно воспоставувањето на објективен пристап кон секој член зависи од вашиот карактер и вашата принципиелност, да не речам вашата способност да ги разграничите работите. До каде завршува пријателството, симпатиите, па дури и љубовта, а каде почнува должноста и обврската.

И нема тука водење од тоа колку некој како лик ме иритира или ме забавува. Тоа ќе си го чувате за вашиот личен однос.
Ако се плашите дека вашиот симпатија или пријател или едноставно вашиот омилен форумски ник ќе ви замери и ќе ви се налути за одредена ваша реакција (бришење мислење, опомена, па дури и бан) тогаш не ви е местото таму кај што сте и тогаш залудно ја арчите довербата и го реметите угледот и образот на оној кој ви ја дал.

Несогласувањата помеѓу членовите и модераторите ги имало и ќе ги има. Работата е како тие да се задржат на ниво кое нема да му штети на достоинството на форумот како таков.

Нејсе, идемо даље.
Од другата страна.

Кога ја отварате страната на форумот, а пред да се логирате, во очи веднаш ви паѓа текст - „
Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно
и приклучи ни се во дискусиите!“
Притоа, делот во кој ги пишува правилата под кои овој форум функционира и кон кои треба да се придржувате не е видлив. Значи вие морате најпрво да се регистрирате, па дури потоа да прочитате дали и колку ова место ќе или нема да ви одговара.

Од сношти додадени се уште две правила, од кои последното најљубезно ви кажува дека ако не ви се допаѓа куќниот ред ич не доаѓајте.
Кога веќе се демонстрира толкава храброст, тогаш нека се демонстрира целосно.
Нека се правилата видливи и за нелогирани.
Односно кога ги повикувате слободно да се приклучат во дискусиите, објаснете им до крај дека тоа слободно и не е баш толку слободно.

Ваша идеја, ваша реализација, ваш труд, ваша мака, но и ваша одговорност да бидете искрени на самиот старт.
„Ако ти чини“ е реченица која се кажува кога го каниш некого да ти дојде на гости, а не откако ќе ти влезе дома.
Јасно дека имаш право да го отстраниш секој кој ќе ти го ремети мирот во домот, но исто така имаш и обврска да се однесуваш кон него така како што заслужува, зашто ти си тој кој си го поканил да ти се приклучи во дружбата.

Мене не ми се допаѓаат правилата, особено двете последни, додадени сношти.
Мое право, мој избор, моја одлука дали ќе навратам пак.
Ваше право, ваш избор, ваша одлука дали ќе ме разберете што сакам да кажам.

Нема да должам уште многу, иако имам уште трипати по толку да напишам.
Ќе спомнам само дека секој треба да е свесен за своите доблести но и за своите маани.
Дека меѓу нас има безгрешни и совршени, проштавајте, ама такви нема.
Ниту сум таква јас.
Ниту па било кој од модераторите.
Најмалку па админот. ipopovski

Дека нему му е најтешко во ситуацијава и дека најмногу во него се вперени и погледите и прстите, така е.
Но, шефе, имај на ум дека модераторите, иако со последните правила имаат апсолутно право да одлучуваат како ќе го водат форумот, ниту еден од нив не е апсолутно во право секогаш.

Кога членовите реагираат од точно посочен модератор и тоа се случува безброј пати, значи дека тој модератор можеби и не е таму кај што треба да биде.
На почитуваната нема да ѝ се срони бисерот ако си ги признае грешките, наместо дрско да се спротивставува. Mila Kunis

И имај на ум, дека и твојот тим греши и тоа не е ниту лошо, ниту страшно.
Страшно е кога тие грешки се оправдуваат со реченицата - Модераторот не е должен ништо да им објаснува на членовите.
Извини шефе, ама должен е. Оти и самиот најпрво е член, а дури потоа модератор. И денес е, утре може нема да биде.

Секогаш кога неоправдано застануваш на страна на твојот тим, си нанесуваш самиот себеси штета.
Те почитувам и знам дека не ти е лесно.
Запрашај се колку те почитуваат тие кои те носат во ситуација да постапуваш така како што постапуваш.

За крај, во име на она колку-толку што сум го дала како придонес за форумов додека бев навистина активна и си го заслужував местото како модератор и супер модератор, те молам да ги тргнеш казнените поени кај melpomena slb_bobo и cakar_ulav и да ги одбанираш.

И не, не ми е целта да изигравам спасител на било кого.
Вака не оди и ова личи на сѐ, само не на квалитетен форум.
Но, ако се битни бројките, ако тие ја гарантираат заработувачката на сајтот, тогаш разбирам сѐ.

Поздрав.
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Само да кажам дека поплаките упатени на моја сметка не се од СИТЕ членови на форумов,туку од одредена група на членови,односно алба,мелпомена,слб_бобо,и новиот во тимот-аркантос.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 990Freak

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Само да кажам дека поплаките упатени на моја сметка не се од СИТЕ членови на форумов,туку од одредена група на членови,односно алба,мелпомена,слб_бобо,и новиот во тимот-аркантос.

И сите поплаки се со Црно на бело докази, така да, барем биди фина и прифати.

п.с. жими се’ не рипам да се тепам, иако од првиот пат кога те посочив се обидуваш да ми наметнеш дека сакам да се тепам :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
И сите поплаки се со Црно на бело докази, така да, барем биди фина и прифати.

п.с. жими се’ не рипам да се тепам, иако од првиот пат кога те посочив се обидуваш да ми наметнеш дека сакам да се тепам :)
Не разбираш шала.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Не разбираш шала.
Да, не разбирам.
Во момент кога ќе ми биде избришано мислење само затоа што сум ти кажал дека го прекршуваш едно од основните правила со користење латиница при пишување - секако дека нема да ти ги разбирам шалите, затоа што тоа не се шали, тоа се глупирања мила моја Мила Кунис...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Да, не разбирам.
Во момент кога ќе ми биде избришано мислење само затоа што сум ти кажал дека го прекршуваш едно од основните правила со користење латиница при пишување - секако дека нема да ти ги разбирам шалите, затоа што тоа не се шали, тоа се глупирања мила моја Мила Кунис...
Не се тепај :) - беше напишано на шала.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Не се тепај :) - беше напишано на шала.
Па во основа и овој п.с.(кој го пишав 2-3 постови погоре) е шала, мој начин да те чепкам :) Јас не сум дел од ничиј тим. Никогаш не сум ја сакал тимската работа, затоа што подобро функционирам кога сум сам, ама кога го вперувам прстот кон тебе го вперувам само поради користењето латиница а потоа бришењето на мојот пост.
Ќе речам - беа офф-топик мислењата, ама СДК/СДП е тема каде што само 5% од мислењата не се офф-топик. Што значи бришењето на моите постови се должеше на друга основа.
Ова е последен пат да те спомнам или да зборувам за твојот ник, ќе престанам да го вперувам прстот кон тебе затоа што секогаш кажувам - луѓето го добиваат она внимание што го заслужуваат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo and melpomena

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,409
1,133
www.crnobelo.com
Ајде неколку работи од мене:

1. Беше споменато погоре, зошто не биле јавни правилата. Секој при регстрација на форумот мора да го штиклира полето дека, цитирам:
„Се согласувам со правилата и условите на користење.“
Самиот тој текст е и линк до правилата на форумот. Тоа што некој (никој) не ги чита е сосема друг проблем.

2. Драг Arkantos пред да рипнеш од радост што ќе ти се пружи шанса и ти да „искритикуваш“ нешто бидејки некој модератор напишал нешто на латиница, размисли два пати. Не знаеш што е причината. Запрашај се, можеби не е поради глумење сила, туку техничко прашање, замисли? Баш затоа и ги советувам модераторите да не се бришат веднаш постовите по тоа правило, туку да се почне со јавни опомени. Можеби членот не знаел, можеби бил уклучен преку мобилен телефон...итн.

3. Каде ли ќе ни биде крајот ако секоја постапка модераторите ја објаснуваат пред секој што ќе се почувствува навреден и ќе му текне да настапи со став „ДА МИ СЕ ОБЈАСНИ ЗОШТО МИ БЕШЕ ТОЈ И ТОЈ ПОСТ ИЗБРИШАН?!“. Еве ќе ви одговорам сега, и истиот одговор ќе важи за секој нареден пат кога некој ќе се најде во ситуација да си го постави истото прашање: Поради тоа што модераторот сметал дека треба да се избрише, и не, нема обврска никому да се објаснува - правило 17.

4. Не, новото правило 17 не значи дека не смееш да цитираш модератор, не значи дека не смееш да споменеш модератор и не значи дека не смееш да му испратиш порака на модератор.

5. Сметаш дека знаеш подобро и можеш да бидеш подобар модератор од сегашните? Супер! Почни да придонесуваш во форумот со активни и квалитетни дискусии. Објаснување во темите со предлози и критики како нешто требало да се избрише е погрешен начин.

6. Мислењето на 4 члена, на кои патем постојано нешто не им чини, дека одреден модератор не чини, не го прифаќам.

7. Фокусирајте се на дискусиите, не на тоа кој е модератор, кој не е, зошто не е, или зошто е.

8. Овој форум не е јавен сервис. Користењето на овој форум е привилегија, а не право. Нека ти текне на ова пред да напишеш пост сличен на делот напишан со CAPS во точка 3.

Сите набројани работи ги сметам за завршена дискусија и немам намера повеќе да се навраќам на нив.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
:) Колку контрадикторни работи од страна на луѓе кои треба да стојат на зборот. Ама тоа е тоа. Завршена е дискусијата, нема да дебатирам.
И бај д веј... Правило си е правило, ако се стави треба да се почитува, безразлика дали си од моб, дали имаш некоја пречка исл...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo
Статус
Затворена за нови мислења.