Форумски весник ,,Црнобело" (издание бр.7)

Хоуп*

Proton
Член на администрација
4 април 2013
2,414
4,232
753
Не сакам да се изгуби воља за весников и да го снема ко што сме навикнати ние наеднаш да се затрчаме во некоја работа па исто толку набрзина да изгубиме интерес, весникот е одлична идеја, сакам да го има, сакам да го читам... Во две три изданија пред овој стварно уживав, тие првите ок не ги спомнувам, уште беше почеток, ама овој весник ми е ко се да сте завршиле во последните три дена и ко содржинава освен едното интервју да била колку да пополни страници.

Пример, не мора строго да се придржувате до тие катчиња: Филм, мистерија, мода, готвење и не знам друго што има секој број. Има разни други занимливости со кои може да се пополнат страните. Т.е мислев не мора во катчето филм секогаш да има рецензија од некој филм, или во тоа за готвење-рецепт.
Може пример да ставите режисер на тапет. Па да извлечете битни моменти од животот (пример Хичкок бил интересен човек). Па предлог филм од него. Или глумец на тапет, па предлог филмови од него. И со помош на алатката за пребарување ќе најдете кој член што кажал за тој што ќе го изберете за на тапет.
Хичкок, е режисер (нешто од животот негов, некој интересен факт за него) кој некогаш изјавил дека актерите не смеат да се нарекуваат стоки, тие треба да се третираат како стоки. Од Хичкок издвојуваме: Психо. Филм кој бла бла бла кратка рецензија.. Форумџиите за Хичкок: И тука идете во омилени режисери, бар еден го спомнал сигурно и си копирате и ете ви ново нешто кај филмовите.
Или кај книгите исто вака, со писател на тапет, збор два за писателот од некој што се разбира, предлог книга од него со кратка рецензија и што рекле форумџиите за него или за книгата....

И пример не гледам ништо лошо ако некогаш некој нов сака да помогне во реализацијата на весникот или пример вие да приклучите некој што се разбира во одредена тема, или сте заприметиле интересен пост па го заангажирате членот да каже нешто повеќе за за тоа што пишал. И за модератор и член на месецот пример сте можеле да отворите анкета па да се гласа и да си одлучи форумот кој е членот, модераторот, темата или постот на месецот. Ем повеќе раздвиженост, ем сите заангажирани, ем вас полесно. Да не биде се само препишано и лупнато без некој интересен вовед и предговор...
Што знам јас дека несоница ме фатила имам воља за пишување... Вие како сакате.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,752
2,574
1,683
Han Wavel
Јас ќе бидам краток.
Слабо, не ми се допаѓа овој број. Член на месецот, модератор, тема, никој не прашал па да одбереме. Како бил расположен тој што пишувал така си ги одбрал самиот. Лошо.
Интервју со Лил Ламб, каква глупост. Зар немаше други членови за интервју. Ете ви го Mjölnir на претходната страна, него правете му интервју. Јас му ветив порано ама дека дадов отказ и не можам.

Ако претходниот број беше два пати подобар од број 5, овој е три пати послаб од број 6.