Форумски весник ,,Црнобело" (издание бр.12)

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Прашав само не се тепај одма , пиј ајде едно кафе ,кажи им тамо од мене ;)
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Дивa oрхидејa. Тoлку мнoгу ги сaкaше мистериите, штo и сaмaтa стaнa мистеријa. - Пaнтa Реј
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Тоа е тоа...
Кога нема активност се мрчи зошто нема, кога има некаков обид, се наоѓа секаков начин истиот да се омаловажи и анулира.
Кога не знаете за конструктивна критика, не се обидувајте да омаловажите нечив труд. Дегутантно е. А уште повеќе дегутантно е кога посветувате по стотина мислења во месецот тука, без притоа барем едно да ви биде како поттик за одредени членови да ви реплицираат на нивоу.
 

Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
186
43
Ништо во што е вложено време и труд не заслужува негативни критики.
На форумов во моментов му е потребна свежа крв и секој пост и тема е добродојдена.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Сале никој не го омаловажи вложениот труд и напор, баш напротив.
Само некои членови спомнаа дека е доволно.
Зборуваш за некој си обид, обид за што? Што се постигнува со весников?
И тоа што некој член го завршувал крајот на месецот со мизерни 100 мислења без поттикнување на дискусија, не е мерка дали некој тука има право да каже нешто или не.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija

Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
186
43
Јас гледам на работите малку поинаку, секој од нас треба да се потруди да допринесе со позитивен однос за местото да стане интересно.
Кој колку може, сака и секако има време во моментот.
Форумот го прават највеке членовите со своите мислења, помалку темите а најмалку авторитетите.
Јас одлучив да го подржам токму овој форум затоа што неговата политика на нефаворизирање на половите како (Кајгана и Фемина мк) го заслужува моето внимание, време и наклонетост.
И мислам дека е тоа ми е доволно за да не давам премногу негативни критики за форумот.
Не барам ништо за возврат.
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Порано го читав и интересен ми беше, но откако ме изиграа како мифка за некоја стјуардеса позната, ми стана одбивен. Секоја чест до некои членови што се трудат да направат нешто... кои се дел од весникот. ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec and Lady*

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Зборуваш за некој си обид, обид за што? Што се постигнува со весников?
Не сакам да се фалам но со весникот се постигна многу. Кога се регистрирав на ЦБ ми беше некако пасивно, немаше нови теми а дискусија само од 5 членови и уште 30 набљудувачи. Последното мислење во некои форуми беше од 2012 а во текот на денот имаше само 7 мислења, а за нова тема да не збориме, секој месец по две. Помислив да го вратам весникот зш може тоа ќе помогне за активноста, се консултирав со администрацијата и со членовите и на некој начин го вративме весникот. Со првиот број дојдоа многу нови мислења, теми, членови, но и враќање на старите. Содржината требаше да биде од случувањата на форумов а членовите помогнаа и поработија на тоа и еве стигнавме до 12 број. После весникот се отворија многу теми, натпревар во фотографија и др теми. Сега спореди го форумот со тоа каков бил. Не дека само весникот придонел за активноста, но и тој е бар половина од тие нешта.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Ок е весникот, можеби не е секогаш многу интересен и можеби не содржи секогаш содржини кои им се допаѓаат на сите, но во секој случај ми се допаѓа што постои. Искрено ги немам читано сите изданија и не ги читам секогаш сите содржини, но кога ке излезе имам обичај веднаш да го превземам.
Мене посебно ми се интересни интервјуата и поради истите сум сменила мислење за многу членови, најчесто впечатокот ми бил попозитивен одколку на форум, бидејки тука ретко се разговара и дебатира, најчесто се спротиставуваме едни на други, па така сметам дека тие неколку страни одвоени за интервјуирање на членовите се добра можност за подобро запознавање.
Исто така, се случува на форумот некои теми да ги избегнувам, некако ненамерно, дали поради насловот или поради тоа што темата не пробудила интерес кај мене, а во весникот да прочитам нешто околу тоа и да ми се разбуди интересот.
Не мора да има некоја посебна корист од весникот, всушност незнам каква корист сакате да имате од весникот и какви ви биле очекувањата, но мене ми е ок.
Е сега, замерки можам да најдам безброј, но не ми се критикува во моментов.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
И јас го делам истото мислење со @malo . Некогаш го читам, некогаш не, зависи од содржината која во тој момент ми оди по ќеф. Најчесто сум тука за интервјуата, понекогаш некоја рецензија на филм/книга надвор од оние веќе пишани по форумов. Имам еденсовет а тоа е што помалку мислења ископирани од форумот а повеќе надвор од него, тоа подобро . Сепак сме мал форум и достапноста на секое мислење веќе пишано тука е многу брзо, така да треба повеќе ствари outside the box. Моето мислење погоре не беше конкретно насочено кон некој член, туку општо за критиките кои беа посочени погоре. Од мене толку имам да кажам за весников, кој сака да се продолжи дискусијата за критиките нека направи конструктивна, а не да плука затоа што така му се плука во моментот. Сепак тука се има колку толку вложен труд и не фер би било ако ништо друго човек да не каже што му недостасува на весникот.
Македонец и останатите во редакција, keep up the good work.