Ха, не ги приметувате, ама знаете дека постојат и знаете какви се?!
Интересно!
Јас луѓето што не ги приметувам не знам какви се. Фолиранти или не, ако некого не приметам не можам да проценам каков е.
Туку на темава: има фолиранти. Има сегде. Ги имам и во друштво. И тоа е. Се трпат.
Фолирањето лесно им се открива, после-глумат тие, глумиме ние.
Тие глумат лудило, ние наивни дечки.
И дури да пукне филмчето. Тогаш, кога ќе ти дојде преку глава ги дрецкаш од земја и им фрлаш се в лице.
Ако имаат малку образ ќе се повлечат...
Ама ако се од оние без срам и перде, ма гајле немаат. Тераат ист филм и бараат нов гледач.
Ако си од оние што попуштаат, пак ќе се направиш на три и пол и пак ќе гледаш ист филм.
Ако не си, одлично за тебе. Една пијавица ќе си тргнеш од себе.