Филм што ве депримирал

Slims

Активен Член
19 април 2012
192
177
43
Melancholia - едистевен филм по кој не бев во можност ни да направам имитација на насмеано лице а камоли пак да се смеам. Филмот психички ме отепа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Тој

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
The last song ми беше многу тажен филм, ме растажи посебно делот кога почина татко и` на девојката... :/
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Гледам Реквием не пореметил сите. Сто пати сум рекла, тој филм како што е моќен, никој друг.
Џон Кју со Дензел Вашингтон, ме држеше згрозеноста и депримираноста уште некој ден.
Le scaphandre et le papillon или The Diving Bell and the Butterfly, француски филм што го обожавам.
И најново Блек Свон... Абе Аронофски е најголемиот гениј, му се поклонувам на човекот...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: UnFleur

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Гледам Реквием не пореметил сите. Сто пати сум рекла, тој филм како што е моќен, никој друг.
Џон Кју со Дензел Вашингтон, ме држеше згрозеноста и депримираноста уште некој ден.
Le scaphandre et le papillon или The Diving Bell and the Butterfly, француски филм што го обожавам.
И најново Блек Свон... Абе Аронофски е најголемиот гениј, му се поклонувам на човекот...
Гледај го и Enter the Void. Многу и тој мава на психа.
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Гледан ми е, добар е, само не ми се допадна толку многу. Не знам, повеќе ми е морбиден отколку депримирачки, кога завршив не размислував веќе за тематиката што режисерот ја претставил, реков добар филм, но тоа е тоа. Оние погоре со денови ми се мотале низ главата.

Сум го заборавила, најново што го изгледав беше An American crime, по препорака на една другарка. Јас што имам црева и желудник да гледам се и сешто буквално, од ништо не се грозам, филмов едвај го изгледав. Претежок, предепримирачки, преморбиден, предобар. Уште сум згрозена, ретко филм толку допира до мене. Брутален е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Тој and Мортидо

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Досега некои филмови ме растажиле и расплакале, но по завршувањето на филмопт завршувала и тагата. Ниеден не ме депримирал до толку за после гледањето да се чувствувам поинаку.
Повеќе влијание кај мене имаат книгите отколку филмовите.
 

Dolphine

Истакнат Член
25 јуни 2012
304
302
63
Не знам како се викаше филмот беше руски и го гледав зимава. Стануваше збор за едно малечко дете кое ќе ја загуби мајка си и станува жртва на трговијата со органи. Студената Москва и студените срца на рускиот народ кои уништија еден млад живот се толку реално прикажани во филмот. Филм што ме запрепасти, по гледањето на филмот цела недела бев како во транс, ми беше жал затоа што знам дека тоа е само еден пример за сето она што се случува во светот околу нас и колку сме ние немоќни да помогнеме. :(
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Српско - американски филм. Не знам како се викаше, ама кристално се сеќавам на сцената кога мајката пред да ја погубат заедно со други луѓе пред автобус, почна да пее приспивна песна за да бебенцето што и беше скриено да заспие за да не го фатат. Пре емотивен филм. И знам дека ми требаше многу денови за да се вратам во нормала после тие сцени. :(