Гледан ми е, добар е, само не ми се допадна толку многу. Не знам, повеќе ми е морбиден отколку депримирачки, кога завршив не размислував веќе за тематиката што режисерот ја претставил, реков добар филм, но тоа е тоа. Оние погоре со денови ми се мотале низ главата.
Сум го заборавила, најново што го изгледав беше An American crime, по препорака на една другарка. Јас што имам црева и желудник да гледам се и сешто буквално, од ништо не се грозам, филмов едвај го изгледав. Претежок, предепримирачки, преморбиден, предобар. Уште сум згрозена, ретко филм толку допира до мене. Брутален е.