Не ми се верува што читам.
Прво, овој бил комерцијален а на Лукас што беше, уметнички? Стар Ворс е, покомерцијален филм нити имало нити ќе има.
Второ, Лукас не излезе од никаква зона на комфор, Лукас мислеше дека клучот на новите СВ е во ефектите, дека сега кога има технологија на располагање фановите ќе полудат начисто по филмот. И така ги злоупотреби ефектите, филмовите изгледаат скоро како цртани, акцијата е хаотична и несфатлива за човечко око. Приказната за Анакин е топ, но централно место требаше да има приказната а не ЦГИ ефектите. Мене лично ми се ок, не фрлам со дрва и камења по нив, но не е тоа тоа.
Трето, да кажеш дека глумата на Дејзи била О.К. е најблаго речено потценување. Девојката е откритие на деценијата, во Холивуд постојано се обидуваат да направат хероини но не им успева а девојчево се појави од никаде и растури, преку ноќ стана планетарно милениче. Џ.Џ. ја употреби старата формула на Лукас, сите главни ликови му се анонимуси исто како што на времето беа Харисон Форд, Марк Хамил и останатите. Така во лицето на актерот не гледаме некој друг, гледаме нов херој, создаден за таа улога.
Сума сумарум, ова е вистински СВ филм, кој никако не можеш да го гледаш како засебен затоа што е во корен поврзан со ОТ и е продолжение на сагата. Да кажеш дека филмовите на Лукас се подобри од 7 извини ама, или е незнаење или хејтеризам.
Ноу хард филингс.

Последна промена: