Филмски свет- генерална дискусија (внимание - спојлери!)

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Не ми се верува што читам.

Прво, овој бил комерцијален а на Лукас што беше, уметнички? Стар Ворс е, покомерцијален филм нити имало нити ќе има.

Второ, Лукас не излезе од никаква зона на комфор, Лукас мислеше дека клучот на новите СВ е во ефектите, дека сега кога има технологија на располагање фановите ќе полудат начисто по филмот. И така ги злоупотреби ефектите, филмовите изгледаат скоро како цртани, акцијата е хаотична и несфатлива за човечко око. Приказната за Анакин е топ, но централно место требаше да има приказната а не ЦГИ ефектите. Мене лично ми се ок, не фрлам со дрва и камења по нив, но не е тоа тоа.

Трето, да кажеш дека глумата на Дејзи била О.К. е најблаго речено потценување. Девојката е откритие на деценијата, во Холивуд постојано се обидуваат да направат хероини но не им успева а девојчево се појави од никаде и растури, преку ноќ стана планетарно милениче. Џ.Џ. ја употреби старата формула на Лукас, сите главни ликови му се анонимуси исто како што на времето беа Харисон Форд, Марк Хамил и останатите. Така во лицето на актерот не гледаме некој друг, гледаме нов херој, создаден за таа улога.

Сума сумарум, ова е вистински СВ филм, кој никако не можеш да го гледаш како засебен затоа што е во корен поврзан со ОТ и е продолжение на сагата. Да кажеш дека филмовите на Лукас се подобри од 7 извини ама, или е незнаење или хејтеризам.

Ноу хард филингс.
 
Последна промена:

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Не бе хард филингс, нема зошто :)
Зошто би барал клуч за да полудат фановите, кога фановите одамна биле полудени? Точно е дека претерал, ама мене тоа ич не ми е битно. Веројатно да се нафател некој друг да ги режира (а колку шо сум читала Лукас барал, ама никој не се нафаќал) би биле далеку подобри, ама сепак, приказната е толку длабока и од почеток до крај опфатена, што ми ги прави сите недостатоци и глупи одлуки апсолутно неважни. Мене лично, Стар Ворс не ми е научна-фантастика, ни ништо такво. Просто ми е приказна за човечката трагедија. И како таква ми е совршено склопена.
Во седумкава, ми се изместени битни елементи од суштината. И заради тоа ме нервира. Иако точно е дека уживав додека го гледав, крајот му беше фантастичен и целосно ме наежи и итн. Се надевам дека во следните ќе ги поправат фалинките и ќе ги пополнат дупките.
Инаку, не сум некој филм-фанатик со не знам какви познавања, точно е тоа. И не ги гледам работите од таков аспект, па веројатно звучам смешно :D
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Не знам какви елементи ти се изместени од суштината, нити па какви дупки треба да се пополнат... :)
Абе треба спојлери да пишам, а неќам уште сега. Ама ќе се вратиме на муабетов ко ќе е безбедно :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Io Sono

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Не е рoмaнтикa. Бaр немa нештo плус рoмaнтики oд другите штo не им е пишaнo вo жaнрoт.
Ептен е дoбaр, знaм декa и тебе ќе ти се свиѓa. Гледaј гo.
Само што го сменив мислењето ми одговори. :)
Баш ќе го симнам, штом е постар мора да се изгледа. Јас дека ќе прочитам романтика нешто и не ми се гледа, ептен ретко. Еве овој ќе го симнам. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Само што го сменив мислењето ми одговори. :)
Баш ќе го симнам, штом е постар мора да се изгледа. Јас дека ќе прочитам романтика нешто и не ми се гледа, ептен ретко. Еве овој ќе го симнам. :)
Немa некoјa ептен интереснa сoдржинa, aмa имa јaки муaбети..
И еден интересен спoреден лик-Бoб.