Филмски новости

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Прва клапа на „До балчак“, новиот филм на Столе Попов

Снимањето на новиот филм на Столе Попов „До балчак – Приказна од Дивиот Исток“ ќе почне во четврток во демирхисарското село Света, најавија од продукцијата „Триангл филм“
. Снимањето ќе трае десет недели и ќе се одвива во околината на Битола, Скопје, Демир Хисар, Охрид, Штип и на Прилеп.


Се е во знак на типичниот парадокс издигнат до ниво на проверената балканска филозофска максима: „Ебати животот ако не си спремен да умреш за него” - вели Попов, кој снима филм по 15 години пауза

Филмот, работен по сценарио на Горан Стефановски, е во копродукција на „Сектор филм“, „Fx3x“ и МТВ. Продукцијата најавува дека во Света има комплетно изграден филмски сет за потребите на филмот и ќе претставува железничка станица - контролен пункт во Отоманската Империја. Филмот е целосно поддржан од Владата и е квалификуван како проект од национален интерес.

Станува збор за сурова, но романтична љубовна приказна во која вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност е видена од агол на строга индивидуалност, лишена од каква било идеологизација. Слободата, правдата, љубовта, среќата, жртвувањата и предавствата се доживеани низ катарзични емоции што допираат „до балчак”.

Се е во знак на типичниот парадокс издигнат до ниво на проверената балканска филозофска максима: „Ебати животот ако не си спремен да умреш за него” - вели Попов, кој снима филм по 15 години пауза.

Главните улоги во филмот ги толкуваат: Инти Шрај, Сашко Kоцев и Мартин Јордановски. Играат: Тони Михајловски, Сенко Велинов, Мики Манојловиќ, Никола Kојо, Јовица Михајловски, Искра Ветерова, Јордан Симонов, Драган Спасов, Никола Ристановски, Гораст Цветковски, Ана Kостовска, Владо Јовановски, Kамка Тоциновски и други.
Директор на фотографија е Апостол Трпески.
Еве и некои фотографии од снимањето. :)
filmpopov7_652.jpg

сл 1. Инти Шрај и Мартин Јорданоски

to-the-hilt.jpg

сл 2. Сашко Коцев

filmpopov3_652.jpg

сл 3. Инти Шрај и Мартин Јорданоски

filmpopov2_625.jpg

сл 4. Сенко Велинов
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Warner Bros планира снимање филм Justice League со сите свои херои на едно место.

Откако Avangers ги уништи кино благајните, "легендата" за да ги гледаме Супермен и Бетмен заедно, станува реалност.

Филмот "Justice League" се планирал уште во 2007 година, но компанијата DC Comics се откажала од тоа поради штрајк на режисерите.

Сега се вратија на ова и филмот ќе биде снимен. Супер идеа, по Одмазници кој помина супер ќе гледаме уште еден добар филм со сите јунаци заедно.

Што мислите вие за ова?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp and Foxboro

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
26
Куманово
Одлично, Avengers е много јак филм, сг и овј ке е добар. Од увек сам сакаја сви херои да ги виду на едно место.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Мислам дека ќе биде ок филм, ете ни го од утре низ кината...
Ќе ви го копирам текстот од кој се заинтересирав за филмот откако го прочитав и режисерот, па ќе видиме.

Ејми Дан е исчезната. Се претпоставува дека е убиена. Главниот осомничен за убиството е нејзниниот маж Ник Дан. Вака режисерот Дејвид Финчер не’ воведува во сложената приказна на филмот „Исчезната“, адаптација на светскиот истоимен бестселер кој стана глобален литературен феномен. Романот Исчезната (Gone Girl)веќе се наоѓа на топ листите на најпродавани книги во светот. Книгата, која ги прикажува бракот и медиумите низ призмата на проблематичната економија ја напиша Џилијен Флин, поранешна авторка во списанието Entertainment Weekly, која го напиша и сценариото за филмот.

Згодниот брачен пар њујоршки писатели, Ејми (Розамунд Пајк) и Ник (Бен Афлек) се приморани да се преселат во мало градче во Мисури поради финансиската криза и болеста на мајката на Ник. Од хармоничен и среќен пар кој некогаш биле, стануваат несреќни, отуѓени и осудени да живеат во едно од најздодевните места на светот. На денот на нивната петгодишнина, Ник се враќа дома и затекнува превртена маса и неред во дневната соба што укажува на знаци на борба. Сфаќа дека жена му е исчезната и ја известува полицијата. Меѓутоа, набрзо станува главен осомничен за нејзиното исчезнување, а неговите лаги, измами и чудно однесување ги наведуваат сите да си го постават истото мрачно прашање – дали тој ја убил?

Случувањата што претстојат се преполни со шокантни моменти и компликации, но прашањата што остануваат се нешто што погодува и наведува на размислување: Кој е Ник? Која е Ејми? Кои сме и какви сме кога сме во брак.

Дејвид Финчер е американски режисер кој направи некои од најценетите филмови последните две децении како што се остварувањата Седум, Игра, Боречки клуб, Зодијак, Општествена мрежа и други. Филмот Исчезната е негов десетти режисерски потфат.

Финчер објаснува што му претставувало најголем предизвик: „Давав интервју во кое ме прашаа со какви технолошки предизвици сум се соочувал, но факт е дека такви немаше. Најголем предизвик беше да се воспостави тонот кој владее во филмот: дали можеме да со соживееме со приказната? Дали ги разбираме луѓето и нивниот живот?

http://www.imdb.com/title/tt2267998/?ref_=nv_sr_1
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Мислам дека ќе биде ок филм, ете ни го од утре низ кината...
Ќе ви го копирам текстот од кој се заинтересирав за филмот откако го прочитав и режисерот, па ќе видиме.



http://www.imdb.com/title/tt2267998/?ref_=nv_sr_1
Ѕирни го у синеплекс, штом е од Финчер, не може да биде лош.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
slika-2-770x577.jpg

Почитувани,

Со огромна чест и задоволство би сакале да ве известиме дека оваа година, 13-то издание на фестивалот на европски филм CINEDAYS, ќе се одржи во периодот од 13 – 22 ноември, 2014 година.

Поради успехот на минатогодишната иницијатива со конкурсот на филмска критика, така и оваа година, во рамките на овогодишното издание на фестивалот, повторно објавуваме конкурс за најдобра филмска критика.

Конкурсот е од отворен карактер, добредојдени се сите млади што би сакале да го прикажат својот неоткриен потенцијал и талент за пишување во овој специфичен новинарски израз, а се на возраст до 35 години.

Текстовите не би требало да се подолги од една страница, односно повеќе од 70-ина реда текст, а секој од пријавените може да испрати максимум до 3 рецензии.

Наградата за најдобрата филмска критика ќе изнесува 20.000 денари, а ќе ја додели тричлено жири. Конкурсот важи само за филмовите во натпреварувачките програми на фестивалот,Официјалната селекција, како и селекцијата Cine Balkan.

За пријавување, ве охрабруваме да испратите електронска порака на нашата e-mail адреса: [email protected] за што очекувајте брз одговор за вашето пријавување.

Рокот за пријавување е 12 ноември 2014 година.

Со почит,

Фестивал на европски филм CINEDAYS
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina