Филмови што НЕ би ги препорачале

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Another scheiße from the holywood platform... (runt mode: ON)
If I stay. (или „саат и 40 минути се двоумам дали да скинам конци или не“) Има спојлери, duh!
Беспотребно потрошено време за филм полн со мелодрама и клишеа. Се работи за една талентирана цура Мија, израсната во музикално семејство, живее лесен (и по мене крајно размазен) живот, наоѓа дечко и после тоа веднаш сцената се пренесува во период кога целото семејство доживува сообраќајка и нашата „хероина“ доживува кома. Оттаму почињаат некои чудни его трипови да ја нафаќаат во филмот претставени као демек спомени на убаво време, па тука не` шета во времето коа покрај нејзиното рокерско семејство она решава да свири чело, па згодите и незгодите со дечкото, па апликации за Џулијар, па ме-примиле, не-ме-примиле, јаоо драми long distance relationshit ствари, караници недоразбирања.... со еден збор - spoiled brats. Мислам хеј 21 век сме, као бабите можеле у 19ти да се пишуваат со нашите дедовци, да држат врска а овие раскурцана генерација не може. Башка се учиш на компромиси, мислам... Што да расправам, клише до клише работава. Long story short - сите од фамилијата гинат постепено, прво татко па мајка па син, па оваа пошо у кома а све гледа (од оние шик лит срања што искачаат у М-Експрес) демек губи воља за живот понатака и прашање е на моменти и она дали ќе оди у рајот.
Крајна препорака е, не си го губете времето со овој филм. Предолг е, можеше комотно да се скрати на 45 минутна документарка од некоја од оние fox crime/life ријалити срања, ако ви е до толку за трагични филмови, "Remember me" e светлосни години понапред од овој и во глума (покрај вампир фегетон) и во прикаска.
Ајт толку од мене.
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Prometheus
Значи поглупав филм не сум гледала. Ваква научна фантастика треба да добие некое ново име. Филмот го гледав по препорака, наводно дека бил добар и интересен. НЕ НЕ, никако не си го губете времето, освен ако сакате да видите како жена сама се породува со некој џиновски октопод и како сите умираат и преживува онаа која највеќе ве иритирала цел филм. КАТАСТРОФА на векот.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Be kind, rewind со Jack Black, Danny Gover и Mos Def.
Се збореше многу за филмов, и виртуелно, и по медиуми (кога искочи) и вака со друштво. По мене, дури и премногу.
Некои го окарактеризираат како шармантен флешбек во времето кога се одеше до видеотека по филмчиња, други му даваа до значење на пародичен хумор....
Сторијата оди вака. Наводно има 3-4 главни фаци во филмов, едно старо дртало, еден „фин дечак“ и еден ментален ретарда. И сеа демек стариов и фимиот момак држат некоја радња која секако има ретро изглед, рента VHS ленти, док овој ретардава (obvious Jack-black) расипува све. На стариот вака и онака му се ближи крај на кариера, а со тоа и местото кое „има мнооогу спомени уште од 42га“, па заговара некако да го зачува док овие двајцава пробуваат да ја исправат грешката - да ги „преснимат“ сите ленти што дебелиот ретарда случајно го избришал. Понатаму не е ни вредно да го должам, ќе кажам од моја лична перспектива зошто е тешко срање. Прво идејата е 100% копија на Bowfinger (1999) со Стив Мартин и Еди Марфи - двајца ветерани на пародијата. Ова е само обид да се заживее нешто што некогаш можеби било смешно но во денешни услови е веќе видено. Убаво е што пробале да го убацат Џек во ваков жанр (сепак е комедијант човекот сам по себе), но во пародии не му стои баш. Во посериозни филмови како High fidelity има посебен шарм, тука е исфорсиран и безосетен во глумење на тешка ретарда. Hell, во School of rock повеќе рока од тука. Mos Def не го знам баш, и нема некој континуитет што имам гледано кај него. За Danny Glover гледам како очаен обид да се наврати во филмската индустрија. Воопшто не му требаше.
Пак ќе кажам, далеку е од оноа што би се нарекло флеш-бек на старите добри времиња кога се рентаа ленти во маалската видеотека (барем мислам дека тоа е главната поента на филмот - флешбекови на некои стари добри времиња), како и очајниот обид да се направи пародија по секоја цена.
2/10, само заради некои ретардирани сцени на Џек Блек. Другото...без врска.