Освен провокации, друго нема во темата
.
Голем фан на Реал Мадрид откако знам за фудбалот. Според мене не постои подобар клуб од кралскиот. Без разлика на тоа што немаме среќа последниве години во ЛШ, верувам дека ова е наша година и ќе ја освоиме и десетата европска титула. Во Примера не им тргна баш добро ама верувам дека ќе се надополнат тие бодови негатива, има многу до крајот.
Омилен играч, Раул Гонзалес отсекогаш бил и ќе ми биде. А од сегашната постава ги сакам скоро сите (мислам дека во моментов и немаме некои отпадоци во тимот иако има некои што се во послаба форма). Но ете како најомилен би го издвоила најдобриот голман на светот Касиљас.
Имаме среќа што најдобриот играч игра за нас
. И гледам баш многу шали на негова сметка, ама имате право да го мразите, нема проблем. Ако воопшто и ја знаете причината зошто ве нервира, па зборувате во врска со неговата сексуална ориентација, физичкиот изглед и ред други работи кои немаат врска со фудбалот.
Се надевам само на добри резултати, како во Ла Лига, така и во ЛШ. И време е Барселона конечно да киксне
.
Поздрав мадридисти, ако и воопшто ги има овде, гледам слабо активна темата.