Фамилијарно дрво

misti.diva orhideja

Член со 30 казнени поени
10 јануари 2017
262
195
43
Првиот болд - многу тешко. Посебно ако се работи за семејство родено во тогашна Македонија, шансите се скоро никакви. Големиот дел од архивите отоманците ги собирале во Солун, а добро знаеме сегашнава ситуација со Грчка на тоа поле.
За карактер, тој не се наследува туку се гради со тек на време и околности.
Има некои форуми,се уште не видов колку се активни, на пр.српскиот форум Порекло,на кој имало добар број на ентузијасти кои можат да помогнат да се пронајдат информации за своите предци, потекло на презиме, емиграции идр.
Најдов и бесплатни програми ама не сум ги пробала -Family Tree Builder и Gramps project.
Како сум се заинтересирала да прокопам малку по минатото, да разбудам духови, дознав дека науката што го изучува минатото и трага по директните предци, се вика генеалогија.
Најпознато фамилијарно стебло било на кинескиот учител, политичар и филозоф, Конфучие..и тоа 77 генерации...вака-така, барем нешто ново научив;)

Што се однесува до карактерот, тој и те како се наследува, основата ја наследуваш а фасадата и украсните елементи сам си ги бираш:)
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Искрен да бидам, имаше една екскурзија пред нешто повеќе од 6 месеци организирана од една невладина организација за културно наследство. Шетњата беше релативно кратка, кумановскиот дел со манастирот Старо Нагоричане, градскиот музеј како и мегалитската обсерваторија Кокино. Малце ја должам прикаскава, но небитно, ќе дојдам набрзо до поентата. Водичот (@malo ќе ти текне на која мислам) професионално си ја вршеше работата, објаснувајќи за тоа како луѓето во тоа време живееле, нивните обичаи, марифетлаци, буквално се` според тоа што е најдено од археолошките истражувања. И тогаш се убаци една, така да ја наречам неука госпоѓа и почна да уфрлува некои генеолошки тематики, потекла, ДНК анализи. На водичот и` се стемни пред очи, културно и` одговори дека сето тоа е тешка глупост, што и е со право.
Генеологијата во суштина има некоја добробит ако најдеш череп/биолошки артефакт кој се претпоставува дека е од нечија „кралска“ лоза. Во секој друг начин на интерпретација има само негативни последици, т.е. кога ќе се помеша со археологијата, станува плодно тло за изградување на култ на народ/раса. И секако чини огромни средства и никогаш не е егзактна ако постулатот е изграден врз претпоставки.
Ова вака од муабетот ако бараме нешто старо по 4-5 и повеќе века наназад.
Србите имаат повеќе информации за нивниот народ, затоа што Белград бил еден од метрополите и во 18ти-19ти век и ден денес е под нивна закрила. За Македонија и македонците може да се најдат некои документи таму, но не повеќе од почеток на 20ти век. Евентуално ако имаш срби во поширокото семејство да најдеш некоја информација за нив.
Мене ми се интересни приказните на тогашниот човек, иако секогаш со нишка на романтизам и зголемена драматичност. Рецимо, за прадедо ми како одел по игранки кои тогаш се договарале, како се запознал со прабаба ми, во кои околности подоцна пишувал писма дома додека таа со едното дете го чекале.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misti.diva orhideja

misti.diva orhideja

Член со 30 казнени поени
10 јануари 2017
262
195
43
Романтични приказни и јас би сакала да слушам, а кога би потекнувале од моите предци, сигурна сум дека задоволството би ми било поголемо.
Кога реков дека сакам се да знам, тука спаѓаше и нивниот живот, па дали имало некоја анегдота за некоја генарација, некоја интересна догодовштина или недај боже, се надевам дека немало, некоја мистерија или проклетство.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Знам до пра-пра претци, и она што е најбизарно е дека не пропуштиле ниту една војна од прва балканска па се до екс-ју срањата во 90-те. Имало и лешеви, ранети, ментално и физички, дезертери и сталинисти, ужаси.
За среќа, јас ја прекинав таа мутава традиција кога средината великодушно пружи шанса за продолжување на традицијата во 2001 и со тоа постанав срам за поширока породица. Кои идиоти :D
Са очеве стране е најчесто дебилана и злоба а са кевине су ок (горе долу)
 
Falanga

Истакнат Член
10 април 2016
350
293
173
42
Са очеве стране е најчесто дебилана и злоба а са кевине су ок (горе долу)
It seems like it runs through the lines :D
Се шалам :)

Татко ми има направено семејно дрво у Corel. Бајаги назад се познати имињата на предците, но презимињата кај некои се загубени.
Најстариот предок бил роден во некое село близу Солун на првиот крак во 1805-та година, се викал Витан а жената Марија, таа починала па втората жена е Ѓувеза. И така натаму...., од страната на мајка ми не е познато многу зошто баба ми останала сирак по раѓањето за време на прва светска војна.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: misti.diva orhideja

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Falanga

Истакнат Член
10 април 2016
350
293
173
42
Татко ми во еден наврат ја има згазено од ќутек МАЈКА му.
Е сеа, замисли каква треба да биде жената за да заслужи син кој е крајно добар човек да и одржи лекција физички.

Девјки, бидете добри мајки, само така ке бидете запамтени.
 
escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Татко ми во еден наврат ја има згазено од ќутек МАЈКА му.
Е сеа, замисли каква треба да биде жената за да заслужи син кој е крајно добар човек да и одржи лекција физички.

Девјки, бидете добри мајки, само така ке бидете запамтени.
Ова од друг агол испаѓа дека синот и не е така добар ама само од друг агол. Можам да разберам мада кај мене немало тепање, татко ми толку многу се грижеше за нив посебно за баба ми бидејќи дедо ми одамна е починат и на крај баба ми викаше, ја немам син (ко татко ми) не се грижи за мене, не иде да ме гледа (а човекот само што се вратил од таму) па го колнеше, па сирење (нивно) му продаваа, што знам некако мислев дека е посвоен барем така се однесуваа спрема него, ма дури и спрема посвоени деца поубаво се однесуваат. Почина и она па ја наследија другите нејзини деца па ете истите проблеми ги имаме и со неговите браќа мада ни татко ми не е цвеќе за мирисање, ама толку многу го газат, ни грам почит немаат спрема него, жал ми паѓа, а он па упорно трча по нив, тврдоглав.
А за другите роднини така малку од пошироката фамилија да не зборам. :frantic
Гледаат од високо кога се им е во ред, а кога ќе им притреба некоја услуга ко просјаци молат! Го чекам денот кога се ќе им плеснам во лице.
 
Ама замисли, тоа велам... замисли, човек кој на секого простил. На секого протил на родена мајка не, каква е мајката?
 
escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Ама замисли, тоа велам... замисли, човек кој на секого простил. На секого протил на родена мајка не, каква е мајката?
Јасно ми е, сепак некои не заслужуваат да бидат родители