Има некои форуми,се уште не видов колку се активни, на пр.српскиот форум Порекло,на кој имало добар број на ентузијасти кои можат да помогнат да се пронајдат информации за своите предци, потекло на презиме, емиграции идр.Првиот болд - многу тешко. Посебно ако се работи за семејство родено во тогашна Македонија, шансите се скоро никакви. Големиот дел од архивите отоманците ги собирале во Солун, а добро знаеме сегашнава ситуација со Грчка на тоа поле.
За карактер, тој не се наследува туку се гради со тек на време и околности.
Најдов и бесплатни програми ама не сум ги пробала -Family Tree Builder и Gramps project.
Како сум се заинтересирала да прокопам малку по минатото, да разбудам духови, дознав дека науката што го изучува минатото и трага по директните предци, се вика генеалогија.
Најпознато фамилијарно стебло било на кинескиот учител, политичар и филозоф, Конфучие..и тоа 77 генерации...вака-така, барем нешто ново научив
![Намигнува ;) ;)](/images/emoji/wink_animated.png)
Што се однесува до карактерот, тој и те како се наследува, основата ја наследуваш а фасадата и украсните елементи сам си ги бираш
![Насмевка :) :)](/images/emoji/smile_animated.png)