Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Сепак усно.. На писмено кога ќе ни дадат некое прашање шо никаде го нема, ќе го тупам цело време и на крајот пак нема се да напишам, а вака усно нешто ќе свртам, нешто ќе ми поткажат, па на крај краеви и полесно се поправа усниот одовор
Ако учам со разбирање, тогаш усно одговарање ми е сто пати подобро, дури и од препишување. Повеќе простор да се изразиш себеси, да дадеш свое мислење за тоа што го зборуваш итн. Посоодветно ми е усно за предметите кои имаат повеќе теорија. А математика на пример, исто ми се фаќа- задача си е задача, дали на табла сум ја решила или на тест - тоа е истото решение.
Усно. А и отсекогаш ми одела логиката кога ја кажувам него писмено. Писмено се трудам да додадам што повеќе епитети, губам на време, нервози, па препрочитување...
Усно башка полесно може да се види кој научил а кој забушава. Како теренско истржаување е .
Усно. Ништо нема да напишам ако не се потсетувам од учебник, а не сум експерт за препишување, кога и да помислам за препишување во рок од 2 секунди фатен сум.
се се спомнува ама ако ама ако... Во различни варијанти нормално дека во зависност од ситуацијата ќе се одбере. Во одредени ситуации при писмено одговарање можеш да препишеш, при усно да ти дошепнат. Доколку станува збор каде што имам научено - дефинитивно усно. А и да немам - подобро да кажам дека не знам отколку да блеам како теле во шарена врата во листот и залудно да си го трошам времето