Топ 10 филмови изгледани во 2015

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Прво мислев да отворам, после заборавив и Саладин ме потсети со постот во филмскиот предизвик. Оваа година мене бар ми беше плодна :D кога се работи за добри филмови, почнав да гледам еден друг жанр, пронајдов многу добри филмови и еве ми ја листата на 10те најдобри филмови што ги изгледав годинава.

10. Inside Out
9. The Pianist
8. Vertigo
7. The Tenant
6. Dial M for Murder
5. Witness for the Prosecution
4. 12 Angry Men
3. Rebecca
2. Sunset Blvd.
1. What ever Happened to Baby Jane
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous and Altaïr

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ах јас сум заборавил што сум гледал, од тоа што се сеќавам вака некако би била листата.
10. Chinatown
9. Planet of the Apes
8. Breakfast Club
7. Rear Window
6. Elite Squad
5. The Good, The Bad and The Ugly
4. Carlito's Way
3. Godfather
2. Lion in Winter
1. Treasure of Sierra Madre
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Многу тешко е кај мене најмногу ради бројка така да прво ќе ги изгрупирам одличните по жанрови па подоцна ќе извлечам по еден до два од нив.

Комедии
Little miss sunshine
Office space
My cousin Vinny

Психолошки
Whiplash
Birdman
Taxi driver
Only lovers left alive
Aethernal sunshine of the spotless mind
Perfume
Shutter island


Крими трилери
Usual suspect
Se7en
Primal fear
True believer (1989)
Prisoners
The town


Драма
The people against Larry Flint
Goodfellas
Breakfast club
The gangs of New York


Анимирани
Iron Giant
Inside out
Tin-Tin

SciFi
I robot
Interstellar
ExMachina (2015)
Inception

Неанглиско јазично подрачје
The intouchables - француски
Cidade de deus - Бразилски
Mommy(2014) - Белгиски
The sound of noise - шведски
Keep smiling - Грузијски


Романтични (комедии)
Keith
Love, Rosie
You stupid man
Life as we know it
High Fidelity
Reality bites
Love and other drugs


Историски
Kingdom of heaven
Braveheart
Gladiator
The name of the rose


Воени
Platoon
Water diviner
The way back
Valkyrie


Vintage
Breakfast at Tiffany's
Time to love and time to die (1958)
To kill a mockingbird (1962)
Cabaret (1972)
Dog day afternoon
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Како што реков, од категорииве ќе извлечам по еден за да листата биде малку пошаренолика.
Комедиите од старт ги анулирам бидејќи се многу блиску со оние романтичните комедии подоле во листата
- Од психолошкиве најтешко се одлучив, што поради некои што ми беа неодамна гледани па ме држи неизвесноста, додека другите се дифолт и не ги промашувам барем 2пати годишно. Aethernal sunshine и Таксист ги исфрлам уште од старт бидејќи се доста хајпнати во филмската индустрија. Виплеш и Брдмен беа изненадување за оскаровците (барем според мене) и отскокнуваа од оној претенционистички дух - шаблон на холивуд. Од друга страна неконвенционалната изопаченост на Џармуш и свежогледаниот Shutter island на Скорсезе ме тераат да се подразмислам кој од овие 4 би ги одбрал. Парфем повеќе би го класифицирал како некој бајковит realm затоа отпаѓа од категоријава. Актерската екипа кај сите 4 што се` уште се во трка е извонредна, што уште повеќе го усложнува изборот. Но вака... Скорсезе тешко дека би го гледал одново со истиот тој surprise момент бидејќи самиот крај е клучен и откако го знаеш, немаш желба одново да го гледаш. Исто важи и за Виплеш, иако има многу добри цитати од филмот. Особено мил ми е ликот на Ј.К. Сајмонс. Birdman има извонредно богата сторија за еден пропаднат актер, додека мрачноста во ликот на Китон е изнад секаков опис. Од друга страна кај Џармуш ми се допадна тоа мрачно сценарио, измислен свет на вампири и како истите се одржуваат во живот. Кај двата филма саундтракот е одличен, но по мене 2риот став од 5тата симфонија на Чајковски е една од клучните причини зошто Birdman е на врвот на оваа група. Така и нека остане.
- За крими трилери листата е малку поедноставна бидејќи од старт имам неколку кои ги отфрлам. Usual Suspect, True Believer, The town вака уште од прва. Првиот затоа што е usual suspect :zelen вториот затоа што е скромна копија на Primal fear (иако е пред него направен), третиот затоа што е повеќе акционен и башка Афлек игра што не ми е мерак баш. Остануваат Se7en кој можеби требаше да оди погоре во психолошките, Prisoners кој е гледан пред неполн месец дена и Primal fear. Финчеровиот е доста скромно направен (мислам меѓу првите му е) иако има одлична глума. Од друга страна Prisoners и не стои толку добро со глумците (сепак Џекмен < Пит). Primal fear па играат 2 контрастни личности (лично) за кинематографијата Гир и Нортон. Па сепак го избирам последниов - Primal Fear. Бидејќи покрај детективска приказна, го содржи и судењето на „негативецот“.
- Во драми изборот е помал па затоа одлуката е лесна. Од старт го анулирам People against Larry Flint заради језивата сторија на човек кој е болен од AIDS. По малку ме одвраќа ова сценарио на безнадежје. Breakfast club е по мене задолжителна литература за гледање, но баш поради тоа и ќе го отфрлам, бидејќи е предлабок за да биде едноставно драма. Башка е наменет за одредена старосна група иако подеднакво би уживале и постарите гледачи. По мене најдобар мафијашки филм кој поштено го тепа и Кум и Казино и слични е Goodfellas. Гледан ми е најмалку 10 пати и секогаш има по нешто ново. Скорогледаниов Gangs of New york од друга страна има перфектна глума како и мрачно сценарио налик оние на книгите на Чарлс Дикенс. Изборот е тежок, но тежнеам кон оноа што сум го гледал помалку, затоа ќе гласам за последниов. Башка ДејЛуис каков негативец, мамата.... Одиме даље... (уффф се изморив малку)
- Во Анимирани ми е најлесно да изберам. Tin-tin го отфрлам бидејќи стриповите му ги имам читано и некако филмов беше премногу набутан во едно иако солидна изработка. Inside out го исфрлам истотака иако во последно време е светла нишка на анимираните филмови (после глупостите со Фроузн, Танглед, итн). Знаеме кај иде работава. Тогаш зошто баш Iron Giant? Затоа што не постои чоек што останал рамнодушен кога џинот ќе му рече на малиот: I go. You stay. No following.
- Во SciFi сферата (btw не го гледајте Сфера филмот) изборот е полесен иако ми создаде малку конфликти на електричново коло. Така да Еx Machina и Inception ги исфрлам, едниот затоа што е недооформен I Robot, вториот затоа што се осеќа малку преголемата претенциозност на Нолан. Interstellar има повеќе емоции, затоа и ми се допадна. Но сметам дека треба уште барем 2 пати пак да го изгледам, бидејќи е преголем залак за да се совлада само од еднаш, и сметам дека има уште многу нешта што се` уште ми се неразјаснети. Така да останувам тука со I Robot, (и покрај тоа што ја имам читано и книгата на Asimov).
(продолжувам во следниот пост)
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Io Sono

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
од тие шо ги гледав годинава ќе набројам само оние кои ми се допаднаа
1. Let's be cops
2. The Conjuring (ја го гледав ова год знам дека е од порано)
3. THE DUFF
4. Expelled
5. The Last Song
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Распоредот на филмовите ми е направен според тоа кој најпрво го имам гледано годинава:

01. Another Earth (откривањето на Brti Marling ми беше едно од најдобрите работи поврзани со филмовите оваа година! Така да, би ги додала и I Origins + Sound Of My Voice + The East, но овој го издвојувам)
02. Birdman (годинава имаше топ филчиња номинрани за оскар, покрај Birdman екстремно многу ми се допаднаа и Whiplash и СЕКАКО The Grand Budapest Hotel со мојот ми омилен Андерсон)
03. Big Eyes
04. The Hundred-Foot Journey
05. Ex Machina
06. Unbroken (покрај Brit Marling, откривањето на Jack O'Connell беше едно од најдобрите откритенија! Исто така, неговите Starred Up и '71 се пре пре предобри филмови, но Unbroken е убедливо НАЈДОБРИОТ ФИЛМ што го гледав годинава!)
07. The Squid And The Whale
08. Stuck In Love
09. Inside Out (еден од најдобрите цртани некогаш направени)
10. Love and Mercy (не ги слушам Beach Boys али филмчево е одлично, од приказна, до режија и секако пред се, глума)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harvie and Io Sono

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
1. Star Wars VII - The Force Awakens
2. Whiplash
3. Mad Max: Fury Road
4. The Martian
5. The Immitation Game


Тоа ми се топ 5 од вкупно десетина изгледани во 2015. Како што можете да видите повеќето се блокбастери што нема врска со мојот вкус колку што има врска со тоа што немам повеќе време за филмови по дома. Повремено одам до кино а таму тоа е што е, не е некој преголем избор. Star Wars ми направи мерак како фан а Whiplash е перфектен нискобуџетен филм и доказ дека не треба многу пари за да се направи ремек-дело.

Се надевам на повеќе време оваа година, има доста филмови за кои се зборува во моментов и сакам да ги изгледам Spotlight, The Revenant, Hateful 8 итн...

ЕДИТ:
Interstellar и Dawn of the Planet of the Apes ми се изгледани на крајот на 2014 иначе ќе беа во врвот на листата.


Распоредот на филмовите ми е направен според тоа кој најпрво го имам гледано годинава:

01. Another Earth (откривањето на Brti Marling ми беше едно од најдобрите работи поврзани со филмовите оваа година! Така да, би ги додала и I Origins + Sound Of My Voice + The East, но овој го издвојувам)

Откриена од поодамна. Another Earth е најдобар филм од листата, победник на Sundance фестивалот за независни филмови, ако се сеќавам добро...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr