Како што реков, од категорииве ќе извлечам по еден за да листата биде малку пошаренолика.
Комедиите од старт ги анулирам бидејќи се многу блиску со оние романтичните комедии подоле во листата
- Од
психолошкиве најтешко се одлучив, што поради некои што ми беа неодамна гледани па ме држи неизвесноста, додека другите се дифолт и не ги промашувам барем 2пати годишно. Aethernal sunshine и Таксист ги исфрлам уште од старт бидејќи се доста хајпнати во филмската индустрија. Виплеш и Брдмен беа изненадување за оскаровците (барем според мене) и отскокнуваа од оној претенционистички дух - шаблон на холивуд. Од друга страна неконвенционалната изопаченост на Џармуш и свежогледаниот Shutter island на Скорсезе ме тераат да се подразмислам кој од овие 4 би ги одбрал. Парфем повеќе би го класифицирал како некој бајковит realm затоа отпаѓа од категоријава. Актерската екипа кај сите 4 што се` уште се во трка е извонредна, што уште повеќе го усложнува изборот. Но вака... Скорсезе тешко дека би го гледал одново со истиот тој surprise момент бидејќи самиот крај е клучен и откако го знаеш, немаш желба одново да го гледаш. Исто важи и за Виплеш, иако има многу добри цитати од филмот. Особено мил ми е ликот на Ј.К. Сајмонс. Birdman има извонредно богата сторија за еден пропаднат актер, додека мрачноста во ликот на Китон е изнад секаков опис. Од друга страна кај Џармуш ми се допадна тоа мрачно сценарио, измислен свет на вампири и како истите се одржуваат во живот. Кај двата филма саундтракот е одличен, но по мене 2риот став од 5тата симфонија на Чајковски е една од клучните причини зошто
Birdman е на врвот на оваа група. Така и нека остане.
- За
крими трилери листата е малку поедноставна бидејќи од старт имам неколку кои ги отфрлам. Usual Suspect, True Believer, The town вака уште од прва. Првиот затоа што е usual suspect
вториот затоа што е скромна копија на Primal fear (иако е пред него направен), третиот затоа што е повеќе акционен и башка Афлек игра што не ми е мерак баш. Остануваат Se7en кој можеби требаше да оди погоре во психолошките, Prisoners кој е гледан пред неполн месец дена и Primal fear. Финчеровиот е доста скромно направен (мислам меѓу првите му е) иако има одлична глума. Од друга страна Prisoners и не стои толку добро со глумците (сепак Џекмен < Пит). Primal fear па играат 2 контрастни личности (лично) за кинематографијата Гир и Нортон. Па сепак го избирам последниов -
Primal Fear. Бидејќи покрај детективска приказна, го содржи и судењето на „негативецот“.
- Во
драми изборот е помал па затоа одлуката е лесна. Од старт го анулирам People against Larry Flint заради језивата сторија на човек кој е болен од AIDS. По малку ме одвраќа ова сценарио на безнадежје. Breakfast club е по мене задолжителна литература за гледање, но баш поради тоа и ќе го отфрлам, бидејќи е предлабок за да биде едноставно драма. Башка е наменет за одредена старосна група иако подеднакво би уживале и постарите гледачи. По мене најдобар мафијашки филм кој поштено го тепа и Кум и Казино и слични е Goodfellas. Гледан ми е најмалку 10 пати и секогаш има по нешто ново. Скорогледаниов
Gangs of New york од друга страна има перфектна глума како и мрачно сценарио налик оние на книгите на Чарлс Дикенс. Изборот е тежок, но тежнеам кон оноа што сум го гледал помалку, затоа ќе гласам за последниов. Башка ДејЛуис каков негативец, мамата.... Одиме даље... (уффф се изморив малку)
- Во
Анимирани ми е најлесно да изберам. Tin-tin го отфрлам бидејќи стриповите му ги имам читано и некако филмов беше премногу набутан во едно иако солидна изработка. Inside out го исфрлам истотака иако во последно време е светла нишка на анимираните филмови (после глупостите со Фроузн, Танглед, итн). Знаеме кај иде работава. Тогаш зошто баш
Iron Giant? Затоа што не постои чоек што останал рамнодушен кога џинот ќе му рече на малиот: I go. You stay. No following.
- Во
SciFi сферата (btw не го гледајте Сфера филмот) изборот е полесен иако ми создаде малку конфликти на електричново коло. Така да Еx Machina и Inception ги исфрлам, едниот затоа што е недооформен I Robot, вториот затоа што се осеќа малку преголемата претенциозност на Нолан. Interstellar има повеќе емоции, затоа и ми се допадна. Но сметам дека треба уште барем 2 пати пак да го изгледам, бидејќи е преголем залак за да се совлада само од еднаш, и сметам дека има уште многу нешта што се` уште ми се неразјаснети. Така да останувам тука со
I Robot, (и покрај тоа што ја имам читано и книгата на Asimov).
(продолжувам во следниот пост)