Попрекрасен трол пост ни јас самиот немаше да можам да напишам подобар.
Да ги прашам искусните што мислат.
Сон Бр.1. Откако се вратив од Њу Јорк каде работев на проект, еднаш во месецот сонувам како шетам по улиците. Обично сонот е релаксиран и јас уживам во тоа. ЊуЈорк е прекрасен да се шеташ ноќе во ниедно време, било каде или низ улици или низ Централ парк, онаму каде ги снимаат филмовите дека црнчишта пробуваат да те ограбат или силуваат. Живи глупости.
Сон Бр.2. Од пред 3 години почесто а сега поретко, еднаш во 3 месеци го сонувам својот покоен татко (кој патем речено ми значеше скоро се во мојот живот, не успеав да го спасам) како на некое рандом место (пазар, кејот на Велес, вселенска платформа, болница) се среќавам со него и споделуваме прегратка како стари пријатели кои не се виделе долго долго. Сум сонувал 4 пати и тоа никогаш нема да избледе во моите сеќавања, ни најмал детал. Да знаев да цртам и да анимирам, ќе направев епски сцени.
Сон бр.3 Често ми се случува, еднаш во 2 месеци да сонувам како е крај на школска година, јас се свестувам во последен момент дека е претпоследен час и дека ќе ме дерат за крајна оценка, а јас не знам ништо. 50-50 ми се шансите да се спасам но за наредниот ден морам да научам цела книга. Потоа планирам како ќе го распределам материјалот за да го научам за 24 часа. Не сум сигурен но ми се врти Историја како предмет низ сеќавањево.
Прашање до форумџиите и форумџиките: дали сум невина? Се шалам, дали го губам умот? Ил пак го немам?