Ти биди промената која сакаш да ја видиш во светот

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Можеби еден човек не е доволно моќен да го смени светот преку ноќ, но верувам дека еден човек е доволно моќен за да придонесе нештата постепено да се менуваат и тоа баш на начинот за кој се дискутира на темата.
Ние не можеме со сила да ги менуваме нештата, но ако сме добар пример за околината, околината со задоволство ќе посака да не следи.
Се согласувам дека секогаш треба да тргнеме од самите себе, наместо да очекуваме промената да се случи сама по себе или благодарение на некој друг и не се согласувам дека овој став е егоистичен.

Во каков свет сакам да живеам?
-во свет без насилство
-во свет без предрасуди
-во свет полн со разбирање и толеранција за сите дискриминирани групи на луѓе како што се хомосексуалците, инвалидите, болните од сида, зависниците од дрога и така натаму.
-во свет без религии
- во свет во кој живеат само вегетеријанци
-во свет без натпревари, желба и опсесија со моќ и пари
- во свет со духовно разбудени луѓе
...
Како можам да го променам светот?
Нормално дека неможам, не сама, не сега... ама доколку сум беспрекорен пример за сето ова погоре што го напишав, сигурна сум дека барем еден човек ке биде инспириран и ке посака да го следи мојот пример затоа што и јас самата сум ги оформила своите ставови благодарение на други луѓе.

Доволна е само една мисла за да се промени колективната свест на луѓето, еден збор, еден текст, еден говор, едно дело... еден пример. Само треба да се сака и да се верува.

Или... можам да чекам некој друг да се бори за сето она што јас го сакам и на крај само да се придружам во толпата
Или... можам да кукам цел живот колку е сурова реалноста, а сепак да се помирувам со истата
Или... можам да бидам мрзлива, да знам што треба, а што не треба да правам, ама од мрза да не мрднам ни со прст за да ги направам нештата како што треба
Или... можам да се обезхрабрувам, да мислам дека сум никој и ништо и да немам храброст да се борам за своите ставови Или... можам да дозволам други да ме обесхрабруваат ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Solstice

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Вчера бев паметна сакав да го сменам светот, Денес сум мудра се менувам себеси....
Вчера придонесе многу за светот и битиата што живеат во него. Денес те има само на статуси по Фејсбук.
Освен тоа,со мудроста доаѓа губење на егото. А мислава е баеги его трип,барем по мене.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Верувам дека секој од нас постои на земјава со некаква цел.
Не верувам дека постоиме само онака,за да постоиме да живееме и да умреме.
Мислам дека сите ние сме дел од една целина,и дека секој од нас треба да допринесе за доброто на планетата и на целиот универзум.
Сите ние имаме нешто што не прави посебни и оригинални,никогаш нема да се најде еден егземплар два пати,ниту кај животните ниту кај растенијата,ниту кај лугето.
И секој од нас би требало да ја пронајде таа работа за која е овде на земјата и да ја оствари во текот на својот живот,тогаш и секој ќе придонесе за доброто на сите.
Кога ние се менуваме се менуваат и нештата околу нас,..
Очекуваме од партнерот да биде ваков или онаков,а ние самите не се менуваме..
Тоа е како огледало,во другите најблиските се гледаме себеси,ако се промениме се менуваат и тие..
Ако сме негативни и другите се негативни,ако сме полни со љубов,љубовта ќе ни се врати на стотина начини..
Размислуваме позитивно се случува позитивно,очекуваме негативност ја добиваме.
Во секој од нас лежи клучот на сопствената среќа и судбина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

smeska

Истакнат Член
18 декември 2012
65
53
118
Се додека мото во животот ни е : ,, Зошто да се потрудам јас , кога може друг'' , промени нема да бидат забележани на никое поле .. Реалната ситуација е дека не светот ,туку ЧОВЕШТВОТО оди удоле... Секој ден се повеќе и повеќе.. Виновен нема .... Бидејќи виновни сме сите , секој посебно за своја глава .. И да кога се кудиме сите сме и реални и оптимистични дека промените се на повидок .. Си ветуваме дека ние ќе бидеме промената која очајнички му недостасува на човештвото .. Но кога ќе дојде тој ден на промена , потајно и премногу вешто се камуфлираме ... Се успојуваме со остатокот и пак се повлекуваме од намерата да помогнеме во промената на нештата .. Желбата е тука , постои , но недостасува нешто ... Можеби мотивација .. Се гледаш себе .. сам против сите и тогаш избледува и последната желба ..
Но ако вистински ја сакаш промената , ако почнеш да ја реализираш својата замисла , тогаш ќе сфатиш дека не си единствен кој се стреми кон подобро човештво и свет како подобро место за живеење...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Микрокосмосот сме ние - Макрокосмосот е светот и тоа е нераскинлив, зарѓан ланец од кој нема бегање. Луѓето сакаат промена од макро, сакаат работа од макро, сакаат среќа од макро, сакаат се` што мислат дека потекнува од таму и се слева во нивните мозоци, бедра и пори. Сите ние сме владатели, газди на нашиот макрокосмос, односно нашиот дом. И тука е нашата промена, нашата моќ нешто да измениме, односно да го видеоизмениме и да го слееме во наша корист.
Промената не доаѓа сама никогаш, доколку нешто не сториш за да ја предизвикаш. Тоа е едноставен и каузален принцип по кој се води човештвото илјадници годинини наназад - Ако сакаш да смениш нешто во микро, предивикај во макро и обратно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
За да го промениме светот,мора да се промениме и ние самите.Неможе да се промени нешто ако ништо не се направи.Но сепак ако,и покрај сите напори,нешто не се промени,не треба ни да се обидуваме понатаму.:kafe
 

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Прво треба самите себе да се погледнеме и да се промениме а не светот да го менуваме