Тинејџери се опиваат со средство за дезинфекција(видео)

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,194
1,123
Скопје
Бизарно но вистинито. Дали вие би го направиле ова? Јас не бљак.... Зарем немаат попаметна работа децава леле...

Пиењето на срества за дезинфицирање раце е најновиот начин за опивање помеѓу американските тинејџери. Како што предупредуваат болниците од Лос Анџелес изгледа дека опасната навика полека завзема замав бидејќи во изминатата година 6 тинејџери побарале помош поради труење од тоа средство.

„Потребно е неколку голтки за да добиете пијан тинејџер. Застрашувачки е што сите се подготвени да се напијат“ ја искажал својата загриженост лекарот Сајрус Ранган.

Со оглед дека е незаконско личности помлади од 21 година во САД да купуваат и конзумираат алкохолни пијалоци тинејџерите се повикуваат на различни начини за да се напијат. Во минатото се познати случаите на пиење на сируп за кашлица, течности за испирање на уста па дури и екстракт од ванила.

Некои тинејџери мешаат сол со средство за дезинфекција на раце за полесно да го издвојат алкохолот, потоа го пијат како „шотови“. Ваквите средства се ефтини и лесно достапни.

„Течноста за дезинфекција на раце содржи 62 % етил – алкохол. Неколку голтки и може да предизвика неразговетен говор и горење на желудникот а поголемо количество труење за кое е потребна хоспитализација. Нема сомнеж дека тоа е исклучително опасно“, објаснил Ранган.

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: - Dee Dee -

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
па и ништо не ме чуди од Американциве искрено речено :sreken As a matter of fact имам и дешавка од летово, беше нивното "senior week" шо кај нас би му дошло ко матурска екскурзија али без професори, и децана си праат шо сакаат, али пошо нели несмеат алкохол до 21 година, си пијат некои безвезе енерџи или ко на пример ова грдово 4локо шо се вика... И идеме ние у куќата 2 ден мислам дека ни беше, кај шо бевме сместени, и бевме 2 соби македонци, 2 американци, американциве се собрале играат некои си ретардирани игри, а ние макодончина си седевме у дневна ги глеавме и се смеевме на глупите игри и муабети... и една типка, значи девојчено имаше 18-19 бомба цурата, со блендирана цвикера, нема везе шо беше внатре и шо беше 11 навечер :cool: дое и седна меќу нас и и вика на таа Марија као демек у стил "сакаш да играш со нас" и оваа "не бе не фала" и типкава вика: "пу ама сте глупи незнаете да се забавувате", ние коа пукнавме да смееме, и нема везе јас како шо ме напраиле мама и тато љубопитен гомнојадец и викам: "девојче извини шо пиеш?" и ми вика: "4loco" и викам: "аха океј, а што е тоа?", вика пробај ќе видиш и зиам да пробам шо ќе пробам бе брат ДРВОФИКС (puke) и викам "извини шо е пијалаков?", и ми вика "па незнам ни јас што е ама знам дека просечен човек од 2 вакви лименки може да умре", и викам аха океј, чим така зашто го пиеш ти извини, и ова ми вика па затоа шо сум глупа, и и викам епа добро шо си признаваш барем ;) и си се насмеа ко зелена некоја, уствари и зашо ко :D е од тогааааш... се ми е за верување, шо и да слушнам, каква и да е глупоста шо ја напраиле мене ми е објаслива, ГЛУПИ СЕ :rolleyes: btw еве го пијалакот гаден
http://www.google.com/search?q=4+lo...gSVu4DFBg&sqi=2&ved=0CDwQsAQ&biw=1280&bih=699
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Браво. Сега сте најголеми фраери во маало зато шо се труете. 0054.gif!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum