Тешки за сакање

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Дали вие сте тешки за сакање? -Не верувам дека сум некоја комплицирана, напорна личност,но сепак не можам сама да дадам одговор на прашањево :)
Дали се пронаогате во текстот или вашиот карактер е сосема поинаков,текстот е за девојка но темава е и за девојките и за машките.-Во текстов карактерот на девојката е опишан како искрена,верна,отворена,негорделива,заљубена девојка која попрво ќе ги изнесе недостатоците отоколу да ги зачува во себе и ќе се нервира безнадежно.
Па до некаде да,тоа сум и јас, освен што ќе го исфрлам тоа негоредлива,затоа што доколку забележам дека некој ме игнорира,тогаш настапува мојата горделивост(и инат пропратно) и не попуштам па што сака нека е :)
Каков партнер преферирате?Буквално искрен до степен на кажување па дури и на суровата вистина или преферирате и работи за кои ке бидете излажени само да избегнете конфликт?- Не сакам ништо да се прикрива колку само за да се избегне конфликт....значи проблемот ќе постои,ќе смета,само што ќе се крие...кога тогаш ќе мора да се реши нели :) Затоа сакам отворно и искрено да си се каже на време,подобро да се спречи него да се лечи нели :)
Мој човек(hug) ке ме кара parvati :mstickle што ставам лајкови на тие што ми коментираат на темите ама како да не ставам кога ми се допага.Ај ако не ке глумам лудило дека сум посебна и со никого во ништо не слична,само колку да ме прави тоа посебна и оригинална:wavespin
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati and Mila Kunis

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
л'сан сам за сакање, сакаф ме људи ама онакој друарски, за овакој не сам убаф : P
... а како увек мора некој да се најде да каже дека е препишан текст од негде, докур ако е препишан, допишан, запишан
што е тој важно
Увек у friendzone, a? :p
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
напротив, секој може да ме засака од почеток...ама за после не гарантирам :)
зависи кој како има живци да ме трпи...зш нејќам убиствено љубоморни мажи...таков сигурно нема да ме задржи...
ама па и воопшто незаинтересиран...(think)(nod)
златна средина најубоо...доколку ми ја овозможи мојата слобода и не се труди да ми соли памет...може да има се(inlove)
иначе повеќе сакам разговор у очи и секако вистината...него да се лажеме...
нешто најлошо шо може некој да напрај е да излаже...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: redhead

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Уфф.. мислам дека е лесно човек да ме сака а прилично тешко да се справи со мене.. ако двеве работи се аналогни тогаш сум тешка за сакање. Ни сама не си се трпам понекогаш, претерувам... ама веројатно само со луѓе кои не ни сакам да ме сакаат, зошто од друга страна сум речиси ангелче хахха : ))
Во текстов до некаде се пронајдов а одговорот можам да си го ископирам од Nightmare_f зошто горе-доле и јас би кажала слично. Искрена сум секогаш и сакам луѓето да се искрени со мене. Колку и да боли.
Подобро веднаш отколку по 7-8 месеци гњавење да ми каже еј слушај јас одамна сакав да ти кажам дека ова не иде.. или ова смета... па јас веројатно вљубена да си ја трескам главата после од ѕид.
 

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
л'сан сам за сакање, сакаф ме људи ама онакој друарски, за овакој не сам убаф : P
... а како увек мора некој да се најде да каже дека е препишан текст од негде, докур ако е препишан, допишан, запишан
што е тој важно
Па нормално дека лесно ќе те засакаат прво трудејќи се да ти го разберат твојот дијалект,а ќе застанат и ќе те слушаат и готово се заљубуваат.;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: N|ghtmare_f and parvati

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
Добар текст па и да е преземен.
Толку сум неодолива што просто на прв поглед се заљубуваат во мене(inlove)А кога ќе се заљубат е навистина тешко се одљубуваат.(y)
А јас барам кај машкото доверба.Без тоа се неможам.
Повеќе би сакала искреност па и да е сурова вистина,отколку неискрено гледање во очи и лажење.