![images (2).jpg images (2).jpg](https://forum.crnobelo.com/data/attachments/4/4105-020781de0f01129225ae5e0545b28d70.jpg)
Тешка за сакање
„Јас сум тешка за тешките и лесна за лесните“, често знаеше да се опише оваа девојка. И навистина кон луѓето блиски до нејзиното срце беше и мила и фина и искрена, за разлика од оние кои со првиот поглед не ја мамеа нејзината симпатија, па ги третираше дистанцирано и рамнодушно.
Баш беше тешка за тешките, за оние кои не ја ценеа, за кои чувствуваше дека сакаат да ја повредат или едноставно не и се допаѓаа како личности.
ЗА ЉУБОВТА СЕ ГОВОРИ..
И кога сме на љубовно поле и говориме објективно таа беше баш тешка за сакање, во неа се бореа ангелот и ѓаволот, а нејзиното однесување беше токму како кафето кое го пиеше, ниту премногу благо, ниту премногу горко. А љубовта си бара блажина, си бара дури усните како од шербет кафе да ти се залепат понекогаш, но таа никако да го извади тоа од себе дури и пред оној кој го сакаше највеќе на светот.
Во неа често ќе заиграше ѓаволската искра дека секогаш е во право, непоправливата тврдоглавост и желбата да се инаети додека не истера по свое. Замисленото мораше да биде реализирано по секоја цена, без разлика дали некој ќе биде повреден на патот кон тоа.
Но знаеше да биде и најдобра на свет... Ја красеше искреноста, која денес е скапа карактерна црта и ретко кој ја поседува. Не бараше швалер затоа што од момчето не се чувствуваше доволно сакана, туку му кажуваше в лице што чувствува, не трупаше во себе фрустрации, туку отворено покажуваше што и недостига и на крајот не ставаше патент на устата за да не каже прва „те сакам“.
Имаше преголеми мечти за себе во животот, веруваше дека заслужува најдобро, па така и се однесуваше на моменти нескромно, дури и лакомо.
Во морето на просечни девојки кои се задоволуваат со трошка љубов, таа беше судена и осудена како: тешка за сакање.
Дали вие сте тешки за сакање?
Дали се пронаогате во текстот или вашиот карактер е сосема поинаков,текстот е за девојка но темава е и за девојките и за машките.
Каков партнер преферирате?
Буквално искрен до степен на кажување па дури и на суровата вистина или преферирате и работи за кои ке бидете излажени само да избегнете конфликт?