Поведена бев од тоа дека тој чин на сомоодземање на животот во религијата кај нас е голем грев, насилно прекинување на една космичка игра поради која вероватно и постоиме и се размножуваме...Но нели е исто и во Телематска филозофија, некој те создал поради нешто а ти без негова "дозвола" си го прекинуваш постоењето???
Само да го потенцирам и следново:
Телемата е парадигма каде класичните замисли за казни, награди, суд и слично не се ништо друго туку обична алегорија за причините и последиците. Во природата нема казни, судење или наградување, постои единствено причина и последица, потенцијал (можност) и искуство како продукт на таа потенцијалност. Една иста последица или искуство, за еден може да биде "награда", додека за некој друг " казна". Затоа во одговорот на твоето прашање нагласив дека човекот има право да го прекине сопствениот живот во одреден момент доколку
тоа е негова волја!
Што не е исто со - доколку така сака. Во светите книги на телемата јасно е нагласено дека единствениот грев е ограничувањето на чистата вистинска волја, бидејќи тоа неминовно води до страдање, не бидејќи некој ќе не казни заради нашите одлуки или избор, туку поради последиците од истите тие одлуки. Ако ја занемариш и игнорираш гравитацијата и скокнеш од петти спрат, ќе страдаш, не затоа што некој те казнил, туку затоа што последицата од твојата постапка ќе ти донесе страдање. Исто е и со концептот на телемата, таа не наметнува имагинарни закони, туку преку алегорија и симболика ги опишува законите што ја создаваат и одржуваат реалноста, и физичката и метафизичката.