93
Ти по се изгледа не го знаеш Законот на Телема ниту пак знаеш што значи да си Телемит...
Не се плашам од ништо, ниту смрт, ниту непознато, ниту од луѓе ниту од пари... тоа се фантоми кои исчезнуваат!
Која будала се плаши од сенки? Нема да ми недостасува било што заради смртта на Земјата, се трудам максимално да го живеам животот се до мојата физичка смрт тука, на Земјата
Како може да се плашете од физичката смрт кога тоа е нешто неизбежно и ве демне цело време?
Значи, едноставно ставете си во умот дека телото што сега го имате ќе умре и ќе го нема. Твоите ќе умрат, сите што ги знаеш ќе умрат, ќе исчезнат... те ужаснува таа идеја па се обидуваш да најдеш соучесници во играта за да заедно создавате митови околу таа толку страшна смрт?
Смртта е страшна бидејќи создава кај вас идеја дека губите нешто! Заради себичност, можеби...
Сама си на светот!
Само себе си може да се изгубиш никој друг.
Сето друго е врски кои свесно или несвесно ги градиш околу тебе, заради искуство.
Не знам зошто се трудете таа идеја да ја потиснувате цел живот некаде наназад... толку ви е непријатна таа смрт која ќе повторам - не може да ја избегнете?
Ах знам, премногу сте млади да се заморувате со тоа... смртта и целата таа идеја ви е премногу далечна, а сепак смртта е во секој ваш здив... само намерно не сакате да размислувате за тоа.
“Modern morality and manners suppress all natural instincts, keep people ignorant of the facts of nature and make them fighting drunk on bogey tales.”
— The Confessions, Aleister Crowley
Лесно е да се напише велиш, бидејќи можеби си опкружена со луѓе кои само зборуваат а ништо не прават од тоа што го зборуваат.
Прошири го универзумот и запознај друг вид на луѓе - можеби тогаш ќе знаеш дека има и такви како мене...
И во иднина не прашувај работи за кои може цели книги да се пишуваат. Затоа дадов линкови. Да прочиташ нешто повеќе, ќе знаеш и за темава повеќе, а и нешто повеќе за мене, кој што го прифатил Законот на Телема како начин на живот тука на Земјата.
Нормално, никој не бара да се сложуваш со она што јас сум избрал да го живеам, но добро е да знаеш што сум избрал.
П.С. Другар ти ќе ти пренесе инфо каде во иднина можеш да поставуваш прашања што се однесуваат за мене или Телема. Тука на овој форум не мислам да доаѓам многу често.
93 93/93
Убаво е да те прочита човек, делуваш утешително..поздрав