Телема

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
1. Што е ритуал? Множество од зборови (да ги наречеме манифестирани мисли под волја), гестови и симболи кои му помагаат на практичарот да постигне даден резултат. За да може некој да конструира и изведува ритуал, мора да ги разбира до одредено ниво симболите и знаците од даден систем.
Ако ти е ова збунувачко, ете еден пример:
Животот е еден цел ритуал... Внатрешно и надворешно подготвување на индивидуата за интеракција со мноштвото... тоа почнува од најмали нозе, па се до физичката смрт на телото. И со секое повторување и изведување на ритуалот, стануваш подобар или откриваш нови тајни знаења и сили кои ќе ти помагаат по твојот пат се до твојата физичка смрт меѓу луѓето.

2. Зошто толку многу официјални ритуали во класа D?
Па ако ги погледнеш
официјалните ритуали од оваа класа и не се многу. Тоа што читате насекаде и сешто од било кој, само ве заглавува во калта и не знаете од каде да започнете.
Сакаш да дознаеш за Телемитски ритуали и симболи? Не ги барај кај христијани или New age автори, по форуми никако - имaме доволно Телемити кои пишуваат и оставаат наследство за идните генерации. Има книги, има објаснувања. Почни да читаш и да учиш.
Имаш Телема, имаш Редов, имаш официјални документи. Не ти треба туѓо незнаење, доволно е што си го имаме своето, нели.
Но пред овие работи, најдобро е Liber E и Liber O - па потоа официјални ритуали :)
Зошто вака велам? Едноставно е: пробај ги праксите од таму, па пробај Liber XXV и ќе знаеш зошто...
Како што кажав претходно: животот е ритуал. Во различни степени од животот, ритуалот се менува. Исто и овде и овие „многу“ ритуали кои имаат иста цел.

3. Пред секој ритуал потребно е „чистење“. Нервозна не би сакала да донесуваш важни одлуки нели? Исто и со ритуалите, бесцелно е да ги изведуваш ако внатре си полна со торнада. ;)

4. Не постојат ритуали на завет освен ако давањето завет не го сметаш за еден многу важен ако не и најважен свечен чин во твојот живот. :)

5. Гностичката Миса или Liber XV е централен ритуал за приватна и јавна прослава која се изведува во О.Т.О. преку EGC или Гностичка Католичка Црква. Тука доаѓа и твоето прашање за причест.

„Ecclesia Gnostica Catholica is an inseparable part of Ordo Templi Orientis; and the Gnostic Mass is one of the official rituals, more specifically the central ritual, of Ordo Templi Orientis.“
--- EGC, O.T.O. US

6. Секој маж и секоја жена, полнолетни, слободни и со добра препорака од двајца добростоечки членови на Редот О.Т.О. може да поднесат барање за иницијација во Редот и да бидат Едно со Редот. Но ако не си запознаена со „Книгата на Законот“ и Телема, најдобро е прво тоа, па потоа се друго. Бидејќи не гледам потреба да бара некој иницијација а да не ја прифатил Книгата на Законот. :)

7. Не постои ритуал за спојување со А.К. (сигурно мислиш Алистер Кроули) и треба да заборавите да ги гледате работите на стариот начин, преку призмата на стариот еон и старите религии и учења. Кроули бил човек кој што направил максимум што можел во животот и тоа е тоа. Би било лудо некој да се спојува со нешто надворешно, а не со она највнатрешното.
Можеби не си стигнала во читањето, но можеби мислел авторот „спојување со својот Augoeides“?


8. И јас прв пат читам за ритуал на напуштање, можеби лошо го преведуваш или пак е сосема нешто друго. Слободно сподели ја таа информација и јас да научам нешто повеќе.

Се надевам нешто е појасно или барем знаеш веќе каде да бараш повеќе.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
0=2
A common shorthand for the ontology of Thelema is known as "0=2." This equation is a shorthand for the proclamation of Nuit in the first chapter of Liber AL vel Legis:

  • "None... and two. For I am divided for love's sake, for the chance of union. This is the creation of the world, that the pain of division is as nothing, and the joy of dissolution all." [4]
"None," or "Naught," or simply "0," refers to the un-differentiated non-dual substance, cognate with the Hindu 'Brahman' and/or 'Shiva,' the Chinese 'Tao,' the Buddhist 'Adi-Buddha,' the Gnostic 'pleroma,' etc. This "None" is another name for "Unity," and is used to imply the continuity of this substance. This notion comes from Liber AL when it is written,

  • "O Nuit, continuous one of Heaven, let it be ever thus; that men speak not of Thee as One but as None; and let them speak not of thee at all, since thou art continuous!" [5]
Crowley writes on this concept of "0" in his essay "Berashith,"

  • "When we say that the cosmos sprang from the 0, what kind of 0 do we mean? By 0 in the ordinary sense of the term we mean 'absence of extension in any of the categories...' Nothingness is that about which no positive proposition is valid. We cannot truly affirm: 'Nothingness is green, or heavy, or sweet...; Let us call time, space, being, heaviness, hunger, the categories... This is the Advaitist idea of the future of man; his personality, bereft of all its qualities, disappears and is lost, while in its place arises the impersonal Unity, The Pleroma, Parabrahma, or the Allah of the Unity-adoring followers of Mohammed. (To the Muslim fakir, Allah is by no means a personal God.) Unity is thus unaffected, whether or no it be extended in any of the categories." [6]
"Two" refers to the world we all are much more familiar with: the world of many dualities including light & dark, pain & pleasure, hot & cold, good & bad, etc. In Book of Lies, Crowley writes,

  • "This Abyss is also called "Hell", and "The Many". / Its name is "Consciousness", and "The Universe", among men. / But THAT which neither is silent, nor speaks, rejoices therein."
Link
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Одамна не сум поминал тука да споделам нешто во врска со темава за Телема... ниту пак вие сте споделиле некое ново размислување, но ништо страшно :)
Ете да се поправам, па можеби некој ќе сака и да истражува во иднина повеќе... :)

„Целата философија на јогата знаеме дека е Единство, но многумина пропуштаат да откријат дека јогата учи паралелно на тоа и една друга вистина: да се постигне Единство без страст за резултат, што е и најбитното нешто за достигнувања на даровите од праксите дадени од Истокот.
Тоа е Магиката во Јогата.
Да имаш цел, но да не брзаш да ја постигнеш целта. Да имаш што да усовршиш, но да не забораваш на Патот по кој што си тргнал за да станеш подобар утре. Да сакаш да бидеш новиот утре, но да не заборавиш на денешниот кој што поминал одреден Пат и искуство во иднината.
Во многу Телемитски книги, ако ги читате и анализирате внимателно ќе најдете од оваа вистина на многу места. Во самата „Книга на Законот“ се зборува преку нови симболи (нов јазик) за овие прастари учења кои ги засилуваат нозете на аџиите кои тргнале по овие патеки.“
--- За чистата волја, ослободена од страста за резултат
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
За првпат на македонски јазик, излезе од печат Liber ABA - Магика книга 4:
17264183_10154423646102963_5626039495190226367_n.jpg
17353469_10154423646117963_675164464016461411_n.jpg
Превод Trinu Oasis, издание АЛЕФ Скопје, печат Контура.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Сакам да ги прашам телемитиве дали се плашат од смртта?
Никаде не прочитав објаснување или видување, предпоставка,што после смртта..има ли реинкарнација, каде оди душата?
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Слабо по овој форум... претежно на Кајгана низ годините расправав за овие ствари... :)
Инаку...
Има еден есеј, напишан од Кроули кој што носи наслов „За смртта или Liber CVI“ кој што може да го прочиташ тука, а исто така имам и есеј на блогот наречен „Телема - За Живот над Смртта“ кој може да фрли некоја светлина на твоето прашање за идно истражување. Можеби и повеќе ќе најдеш по блогот, не знам.
Исто и во „Книгата на Законот“ и на други места по нашите технички книги (од различни класи), има за смртта и стравот воопшто. Треба да разгледаш ако те интерсира сето тоа...

И да: „стравот е неуспех, затоа биди без страв, бидејќи во срцето на кукавицата не вирее доблест.“
 

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63

И да: „стравот е неуспех, затоа биди без страв, бидејќи во срцето на кукавицата не вирее доблест.“


Хепта...Хепта...колку лесно пишано ДА БИДАМ БЕЗ СТРАВ:^).........ПОСТОИ ЛИ ЧОВЕК НА ПЛАНЕТАВА ЗЕМЈА КОЈ НЕ СЕ ПЛАШИ ОД СМРТТА, ОД НЕПОЗНАТОТО, ОД НЕИЗВЕСНОСТА, ОД РАЗДЕЛБАТА СО САКАНИТЕ, ОД......:nah
ИНАКУ, прашањето ми беше упатено лично, значи сакав ете ТИ да ми одговориш, ТИ дали се плашиш..дали некогаш си се соочил со смртта па затоа немаш страв од неа?
 
Последна промена:

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

93 :)

Ти по се изгледа не го знаеш Законот на Телема ниту пак знаеш што значи да си Телемит...
Не се плашам од ништо, ниту смрт, ниту непознато, ниту од луѓе ниту од пари... тоа се фантоми кои исчезнуваат!
Која будала се плаши од сенки? Нема да ми недостасува било што заради смртта на Земјата, се трудам максимално да го живеам животот се до мојата физичка смрт тука, на Земјата :)
Како може да се плашете од физичката смрт кога тоа е нешто неизбежно и ве демне цело време?

Значи, едноставно ставете си во умот дека телото што сега го имате ќе умре и ќе го нема. Твоите ќе умрат, сите што ги знаеш ќе умрат, ќе исчезнат... те ужаснува таа идеја па се обидуваш да најдеш соучесници во играта за да заедно создавате митови околу таа толку страшна смрт?
Смртта е страшна бидејќи создава кај вас идеја дека губите нешто! Заради себичност, можеби...

Сама си на светот!
Само себе си може да се изгубиш никој друг.
Сето друго е врски кои свесно или несвесно ги градиш околу тебе, заради искуство.

Не знам зошто се трудете таа идеја да ја потиснувате цел живот некаде наназад... толку ви е непријатна таа смрт која ќе повторам - не може да ја избегнете? :)
Ах знам, премногу сте млади да се заморувате со тоа... смртта и целата таа идеја ви е премногу далечна, а сепак смртта е во секој ваш здив... само намерно не сакате да размислувате за тоа. :)

“Modern morality and manners suppress all natural instincts, keep people ignorant of the facts of nature and make them fighting drunk on bogey tales.”
— The Confessions, Aleister Crowley

Лесно е да се напише велиш, бидејќи можеби си опкружена со луѓе кои само зборуваат а ништо не прават од тоа што го зборуваат.
Прошири го универзумот и запознај друг вид на луѓе - можеби тогаш ќе знаеш дека има и такви како мене... :)

И во иднина не прашувај работи за кои може цели книги да се пишуваат. Затоа дадов линкови. Да прочиташ нешто повеќе, ќе знаеш и за темава повеќе, а и нешто повеќе за мене, кој што го прифатил Законот на Телема како начин на живот тука на Земјата.
Нормално, никој не бара да се сложуваш со она што јас сум избрал да го живеам, но добро е да знаеш што сум избрал. :)

П.С. Другар ти ќе ти пренесе инфо каде во иднина можеш да поставуваш прашања што се однесуваат за мене или Телема. Тука на овој форум не мислам да доаѓам многу често.

93 93/93
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: pozdrav eden topol