1. Што е ритуал? Множество од зборови (да ги наречеме манифестирани мисли под волја), гестови и симболи кои му помагаат на практичарот да постигне даден резултат. За да може некој да конструира и изведува ритуал, мора да ги разбира до одредено ниво симболите и знаците од даден систем.
Ако ти е ова збунувачко, ете еден пример:
Животот е еден цел ритуал... Внатрешно и надворешно подготвување на индивидуата за интеракција со мноштвото... тоа почнува од најмали нозе, па се до физичката смрт на телото. И со секое повторување и изведување на ритуалот, стануваш подобар или откриваш нови тајни знаења и сили кои ќе ти помагаат по твојот пат се до твојата физичка смрт меѓу луѓето.
2. Зошто толку многу официјални ритуали во класа D?
Па ако ги погледнеш официјалните ритуали од оваа класа и не се многу. Тоа што читате насекаде и сешто од било кој, само ве заглавува во калта и не знаете од каде да започнете.
Сакаш да дознаеш за Телемитски ритуали и симболи? Не ги барај кај христијани или New age автори, по форуми никако - имaме доволно Телемити кои пишуваат и оставаат наследство за идните генерации. Има книги, има објаснувања. Почни да читаш и да учиш.
Имаш Телема, имаш Редов, имаш официјални документи. Не ти треба туѓо незнаење, доволно е што си го имаме своето, нели.
Но пред овие работи, најдобро е Liber E и Liber O - па потоа официјални ритуали
Зошто вака велам? Едноставно е: пробај ги праксите од таму, па пробај Liber XXV и ќе знаеш зошто...
Како што кажав претходно: животот е ритуал. Во различни степени од животот, ритуалот се менува. Исто и овде и овие „многу“ ритуали кои имаат иста цел.
3. Пред секој ритуал потребно е „чистење“. Нервозна не би сакала да донесуваш важни одлуки нели? Исто и со ритуалите, бесцелно е да ги изведуваш ако внатре си полна со торнада.
4. Не постојат ритуали на завет освен ако давањето завет не го сметаш за еден многу важен ако не и најважен свечен чин во твојот живот.
5. Гностичката Миса или Liber XV е централен ритуал за приватна и јавна прослава која се изведува во О.Т.О. преку EGC или Гностичка Католичка Црква. Тука доаѓа и твоето прашање за причест.
„Ecclesia Gnostica Catholica is an inseparable part of Ordo Templi Orientis; and the Gnostic Mass is one of the official rituals, more specifically the central ritual, of Ordo Templi Orientis.“
--- EGC, O.T.O. US
6. Секој маж и секоја жена, полнолетни, слободни и со добра препорака од двајца добростоечки членови на Редот О.Т.О. може да поднесат барање за иницијација во Редот и да бидат Едно со Редот. Но ако не си запознаена со „Книгата на Законот“ и Телема, најдобро е прво тоа, па потоа се друго. Бидејќи не гледам потреба да бара некој иницијација а да не ја прифатил Книгата на Законот. --- EGC, O.T.O. US
7. Не постои ритуал за спојување со А.К. (сигурно мислиш Алистер Кроули) и треба да заборавите да ги гледате работите на стариот начин, преку призмата на стариот еон и старите религии и учења. Кроули бил човек кој што направил максимум што можел во животот и тоа е тоа. Би било лудо некој да се спојува со нешто надворешно, а не со она највнатрешното.
Можеби не си стигнала во читањето, но можеби мислел авторот „спојување со својот Augoeides“?
8. И јас прв пат читам за ритуал на напуштање, можеби лошо го преведуваш или пак е сосема нешто друго. Слободно сподели ја таа информација и јас да научам нешто повеќе.
Се надевам нешто е појасно или барем знаеш веќе каде да бараш повеќе.
Последна промена: