Види, има плажи каде што одат млади, со журчиња на шанк, ди-џеи и слично, и има мирни плажи каде што сите или дремат, или трчаат по деца.а шојма врска па дали е базен или плажа? и таму вода и ваму вода.
за шминката ич не ми текна, а и на тоа се имам чудено
и да си го образложам моето „мање-више ништо посебно“ мислење - не ми пречат, ни танги, ни топлес, ни на базен, ни на плажа. Млади се, убави се, мерак им е така, па нека.
И малку да оговарам : летоска забележав една млада мајка, топлес, беа одма до нас на плажата, таа, ќеркичката некои 10 години и сопругот. Мајкава ем си се сунчаше топлес, ем во вода се изнаскока, играа тројцата со топка итн итн. Е тоа ми е малку невкусно.
Друг еден феномен, исто летово го забележав - позирање и фотографирање ко за на насловна од плејбој, во плиткото, поза ваква, поза онаква, може цел саат. А во вода влегвање никако.
На првиве е поверојатно дека ќе налеташ на танги и топлес, на вториве е помалку веројатно.
Е сега, зависно за што си и што си спремен да видиш таму ќе отидеш
![Насмевка :) :)](/images/emoji/smile_animated.png)