Танга купаќи на базен или сончање топлес?

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
За да ја отворам темава добив инспирација од статијава и од коментарите од неа.
Едни се радуваат што виделе танга, други осудуваат како се осмелиле девојките да се облечат така,зарем тие немаат родители , трети коментираат дека конечно девојките излегле од турско ропство итн.

Ме интересира вашето мислење за овој начин на капење во базен/море/езеро , за девојките, дали би се осмелиле да облечете танга купаќи или уште повеќе, да се сончате топлес, на некој од базените или по езерата во земјава или тоа го практикувате само во странство(доколку се практикува) ако не, зошто не?
За момците, како го коментирате овој начин на капење/сончање на девојките? Дали би дозволиле вашата девојка да се облече во танга купаќи т.е.соблече топлес? Дали на тоа гледате како сосем нормална работа, или сметате дека откривањето на интимните делови од телото сепак е за во спалната соба?
Едноставно,кој е вашиот коментар кога ќе видите некоја девојка со танга купаќи?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DarkPassenger

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Јас многу убаво се чувствувам кога се сончам топлес и кога влегувам во вода така.
Но никогаш не сум помислила тоа да го направам јавно, на полна плажа.
Да носам танга на плажа па уште помалку.
Не поради тоа што ми е срам или страв што ќе помислат другите туку зашто тргам од себе и лично мене воопшто не ми е вкусно и дамски да видам некоја девојка речиси гола на плажа.
Не осудувам, која како сака нека оди на плажа но јас тоа го сфаќам како некој си хир и желба да се биде што повпечатлив меѓу масата луѓе во костуми за капање, но секој нека си расудува за себе си.
Секако има и такви кои сакаат да се сончаат разголено заради себе и заради тоа што така се чувствуваат добро.
А , топлес ми е посварливо отколку носење танга на плажа.
 
Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Кај машкиот пол има еден интересен феномен, обожаваат да гледаат некои работи кои што ги носат девојките и им се чинат баш секси и привлечно, се` додека тоа не го носи и нивната девојка.
Но толку за тоа.
Околу моето мислење во однос на тангата и топлесот на плажа ќе кажам дека немам против.
Само што тука кај нас на плажа претпоставувам дека автоматски ќе бидеш осудена и прозвана како девојката која очајно бара внимание, додека на плажите во странство едноставно само ќе се претопиш во толпата девојки кои бесрамно го шетаат своето „топлес тело“ по плажите.
Не велам дека тоа е начин за да покажеш колку си „секси„ , туку има и други практични примени.
Еден прост пример, јас радо би се сончала топлес во горниот дел од телото зошто страшно многу ме иритира неисончаниот дел, пример.
Ова го кажав колку да дојдам до целта дека ако облечиш танга или се сончаш топлес не мора да значи дека „молиш“ за сечии очи да бидат вперени во тебе..ако го имаш тоа во тебе, ќе привлекуваш внимание и во тренерки кога си.
На крајот, па дури и не ни мора да има некоја причина, едноставно се чувствуваш убаво и самоуверено на тој начин, зошто да не.
А тоа дека ако облечиш танга или се соблечиш топлес би ја одредувало моралната граница кај една девојка, тогаш ќе сфатам дека човечкиот разум и расудување паднале многу ниско..
-----------------------------
А тоа дека секогаш ќе има некој кому нема да му се допаѓа тоа што го правиш, ќе си има.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malata..

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
За да ја отворам темава добив инспирација од статијава и од коментарите од неа.
Едни се радуваат што виделе танга, други осудуваат како се осмелиле девојките да се облечат така,зарем тие немаат родители , трети коментираат дека конечно девојките излегле од турско ропство итн.

Ме интересира вашето мислење за овој начин на капење во базен/море/езеро , за девојките, дали би се осмелиле да облечете танга купаќи или уште повеќе, да се сончате топлес, на некој од базените или по езерата во земјава или тоа го практикувате само во странство(доколку се практикува) ако не, зошто не?
За момците, како го коментирате овој начин на капење/сончање на девојките? Дали би дозволиле вашата девојка да се облече во танга купаќи т.е.соблече топлес? Дали на тоа гледате како сосем нормална работа, или сметате дека откривањето на интимните делови од телото сепак е за во спалната соба?
Едноставно,кој е вашиот коментар кога ќе видите некоја девојка со танга купаќи?

Веќе има вакава тема во овој подфорум нели модераторице, изгледа сите не црпат инспирација од сајтовите кои објавуваат се и сешто за некаков си рејтинг во држвава ни каде зборот новинар одамна го изуби значењето. А кое е твоето мислење или не доби инспирација за мислење :zelen
Да би се сончала и на танга и топлес ама не во нашата ни државичка предолго сме под турско ропство :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Јас лично не би носела ниту танга ниту би се сончала топлес на базен/плажа. Ионака не сум по сончањето, па ми дошло до тоа да ги исунчам баш тие делови. Кккккккако да не. Гледам што е можно повеќе во вода да бидам, за тоа сум дојдена. Во принцип, малце ама само малкуцка осудувам. Имам една другарка, со години оди на фитнес и работи на задникот и поради тоа, носи доста провокативна облека, а на плажа речиси ништо. Да, има јак задник и општо добро тело, али на моменти толку е невкусно и речиси ефтино, ми се повраќа кога ќе наслушам нечиј коментар добацен од машкиот пол. Ми оди 3 пешкири да и фрлам, на, земи покриј се малце, ј:cenzuraоте. Постојат многу добри купаќи кои би изгледале совршено на јакото тело што го имаш, а сепак да бидеш фино прикриена.
 
escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Мене по купачи ми е срам да одам на плажа не па топлес гола или со врвка во газот. :) За врвките или топлес треба да имаш и тело или па ако не бар целулит да немаш. :)
Иначе погоре се спомна дека ако си во странство не обрнуваат многу многу внимание на тоа како се појавуваш на плажа. Голема грешка насекаде гледаат и зборат само ние многу многу не се замараме со тоа пошто нели во странство сме и не не знаат многу па можеме да правиме што сакаме. :)
 
Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
може да но не во македонија, бидејќи тука ќе се извадат и муабети, заостанати сме во тој поглед :^) инаку се имам сончано топлес во грција, па никому ништо... е сега за танга купаки не сакам, а тие што сакаат немам ништо против, нивна работа :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: nicky12

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Шо знам...па мене баш ми изгледаат нормално како женска долна облека.Никогаш не сум го сметал носењето танга гаќи,провокативно,нападно,или недолично. Затоа што логички гледано, и танга гаќите и тие “бабините“ што ги викате, покриваат една работа - срамните места. Сами споредете на сликите, која е разликата меѓу тангата и обичните купаќи,па што е нападно пронајдете? Јас забележав дека 5 до 10 цм повеќе е отскриен бутот на жената,додека срамните места беа покриени.

Gretchen_Rossi_LUXE_swimwear_GR_Solid_Convertible_Halter_Bikini_back.jpg

Copy_2_of_glossies_black_thong_back_500x500.jpg

Дали покриена повеќе 5 цм, (со бабини) или отскриена повеќе 5 цм со танга,без разлика.Ако зјапа некој во вашиот задник - зјапа.
 
Ги измеша работите малку во почеток.
Никој не вели дека носење танга гаќички е недолично. Секси е за поголемиот број девојки и речиси секоја носи танга.
Ниту па рековме дека танга долен дел од костум за капење е недоличен.
Ете можеби малку не вкусно ми делува мене да облечам танга и да одам на плажа знаејќи дека може да ме загледува секој од 6 -66 години.
На крајот, кој во какво расположение е и со какви мисли така нека се облекува : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos and melpomena

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Ги измеша работите малку во почеток.
Никој не вели дека носење танга гаќички е недолично. Секси е за поголемиот број девојки и речиси секоја носи танга.
Ниту па рековме дека танга долен дел од костум за капење е недоличен.
Ете можеби малку не вкусно ми делува мене да облечам танга и да одам на плажа знаејќи дека може да ме загледува секој од 6 -66 години.
На крајот, кој во какво расположение е и со какви мисли така нека се облекува : )

Не ги измешав брзините,само кажав дека претежно кога ќе се спомни “Гаќи“ се мисли на некој бабини а кога се спомнува танга се мисли автоматски на еротска долна облека,макар што меѓу нив две разликата горе ја опишав 5 цм повеќе бут или 5 цм помалце бут:)
На пример,во останатите земји се баш нормален дел од гардеробата и се носат кај сите возрасти.Само зјапањето е во помала верзија,ние овде живееме во доста конзервативно опшество,немој да мислиш дека ако носиш и боксерки до колена, нема некој да те зјапа :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сара.13 and alba