Танга на базен мислам дека е ту мач. Апсолутно нема потреба, од друга страна, танга на плажа и топлес на плажа е кул
Инаку гледам и штикли се спомнуваат, летово во грчка се изнагледав гркињки кои доаѓаа напудрени, нашминкани, карминосани на плажа, задожително на висока платформа. Не успеав да забележам што се случува кога ќе влезат да се избањаат, можеби воопшто не се ни бањаат
а шојма врска па дали е базен или плажа? и таму вода и ваму вода.
за шминката ич не ми текна, а и на тоа се имам чудено
и да си го образложам моето „мање-више ништо посебно“ мислење - не ми пречат, ни танги, ни топлес, ни на базен, ни на плажа. Млади се, убави се, мерак им е така, па нека.
И малку да оговарам : летоска забележав една млада мајка, топлес, беа одма до нас на плажата, таа, ќеркичката некои 10 години и сопругот. Мајкава ем си се сунчаше топлес, ем во вода се изнаскока, играа тројцата со топка итн итн. Е тоа ми е малку невкусно.
Друг еден феномен, исто летово го забележав - позирање и фотографирање ко за на насловна од плејбој, во плиткото, поза ваква, поза онаква, може цел саат. А во вода влегвање никако.