
ТВ НОВА е информативна национална кабелска телевизија која започна со програма на 01.02.2016 година. Телевизијата ќе понуди доста инфрмативни емисии како што се вести од светот и балканот, вести од спортот, забавни емисии и многу друго
Главен и одговорен уредник на информативната програма е Билјана Василева Трендафилова.
Во интервју за Утрински весник Василева Трендафилова истакнува дека концептот на ТВ Нова се темели на идејата гледачите да добиваат многу повеќе од обични вести, односно телевизијата да функционира како еден вид на арена, каде што ќе има простор да се слушнат многу различни ставови, уште повеќе анализи и дебати, што на гледачите ќе им понуди едно сосема ново искуство во поглед на вестите.
„Телевизијата ќе функционира како еден вид арена, каде што ќе има простор да се слушнат многу различни ставови, анализи и дебати“, вели Билјана Василева-Трендафилова, главен и одговорен уредник на ТВ Нова за Утрински весник.
Од денеска во етерот почнува да зрачи телевизијата ТВ Нова. Вие ќе бидете главен и одговорен уредник на информативната програма. Што ќе им понудите на гледачите, повеќе политика, економија, дебати…
Главниот производ на ТВ Нова ќе бидат точни, навремени и проверени информации, кои ќе бидат сервирани во текот на целиот ден. Од тука, може да се каже дека во фокусот на ТВ Нова првенствено ќе биде информацијата, без разлика дали станува збор за политичка, бизнис, забавна или спортска вест. Целта ни е секоја вест која на кој било начин ги засегнува гледачите, да го добие заслужениот третман и простор. Идејата е, всушност, гледачите на ТВ Нова да добиваат многу повеќе од обични вести, односно телевизијата да функционира како еден вид арена, каде што ќе има простор да се слушнат многу различни ставови, уште повеќе анализи и дебати, што на гледачите ќе им понуди едно сосема ново искуство во поглед на вестите. Всушност, може да се каже дека во ТВ Нова, новинарите конечно имаат ресурси за работа кои досега во Македонија ги среќававме само во учебниците по новинарство, а беа сон на секој новинар. Она што го гледаме само на светските и регионалните канали за вести, од технички аспект, конечно, ќе го практикуваме и во нашата земја.
Официјален веб сајт : tvnova.mk
Соработуваат со REUTERS, BLOOMBERG и израелската i24







