-Џандар збира: на кој кретен му текна да направи реконструкција на нешто што не може да реконструира едно дете како Марко и потпросечна манекенка како таа што шета до него, Марија се викаше или како и да е???
Зошто мислат дека некој може да направи шоу на кое пред 15 години душа му даде маестро Џамбазов?
Подобро ништо отколку ова...
-Лесни пари: самиот факт дека го води Александар Блажески уништува секаква слика за квизот. Далу глуми лудило, дали е луд не знам, ама не сфаќам како луѓето воопшто се пријавуваат да учествуваат во онаков циркус.
-Се или нешто: има интересен концепт, го гледав и на хрватската ТВ кога го даваа. Играта како игра е интересна, само можеле да стават послаглам водител.
-Тркало на среќата: кога го даваа на А1 редовно го гледав. На почетокот додека го водеше Дац и не бев воодушевена, просечна игра на среќа, но откако дојде Игор некако го подобри. Човекот дава душа на се што ќе почне да работи.
Откако е на Канал 5 поретко го гледам, заборавам во кои денови е и во колку часот.
Покрај овие, јас како игра на среќа би го додала и Бингото и Лотото.
Бинго ливчиња знам да си купам понекогаш и си го пратам. Отсекогаш сме играле бинго, сите дома...
А Лото поретко земам. И уште поретко го гледам.