ТВ Игри на среќа

Која ТВ игра на среќа ви е најинтересна?

  • Џандар збира

    Гласови: 3 27.3%
  • Лесни пари

    Гласови: 0 0.0%
  • Се или нешто

    Гласови: 6 54.5%
  • Тркало на среќата

    Гласови: 2 18.2%

  • Вкупно гласале
    11

Ристо од Драчево

Староседелец
25 февруари 2012
246
275
1,063
Скопје
не гледам телевизија...
не дека не сакам, неможам...
баба ми и мајка ми ги имаат окупирано сите телевизори и гледаат сапуници...
 

Marrie

Староседелец
13 февруари 2012
509
803
693
Џандар Збира :D Марко ми е фатеница пошо :)
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
-Џандар збира: на кој кретен му текна да направи реконструкција на нешто што не може да реконструира едно дете како Марко и потпросечна манекенка како таа што шета до него, Марија се викаше или како и да е???
Зошто мислат дека некој може да направи шоу на кое пред 15 години душа му даде маестро Џамбазов?
Подобро ништо отколку ова...
-Лесни пари: самиот факт дека го води Александар Блажески уништува секаква слика за квизот. Далу глуми лудило, дали е луд не знам, ама не сфаќам како луѓето воопшто се пријавуваат да учествуваат во онаков циркус.
-Се или нешто: има интересен концепт, го гледав и на хрватската ТВ кога го даваа. Играта како игра е интересна, само можеле да стават послаглам водител.
-Тркало на среќата: кога го даваа на А1 редовно го гледав. На почетокот додека го водеше Дац и не бев воодушевена, просечна игра на среќа, но откако дојде Игор некако го подобри. Човекот дава душа на се што ќе почне да работи.
Откако е на Канал 5 поретко го гледам, заборавам во кои денови е и во колку часот.

Покрај овие, јас како игра на среќа би го додала и Бингото и Лотото.
Бинго ливчиња знам да си купам понекогаш и си го пратам. Отсекогаш сме играле бинго, сите дома...
А Лото поретко земам. И уште поретко го гледам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Ми беше интересна Кој сака да биде милионер, но сега Се или нешто.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Прееска начекав дека емисијана на Лила уште иде на ТВ. Мајка ми секој ден ја гледала уствари и вели со години милионот не бил во тој што моментално игра.
Него ај, да гледаат нешто.
Супер Бинго ми беше некако најинтересно, дури и 50 денари добивавме повеќе пати. :zelen Може и дека бев апла дете, ама сепак чинам беше позабавно.