Сурова, веганска храна

Big Berta

Староседелец
7 февруари 2015
106
209
1,053
Имам уште прашања за киснењето :) Скоро сегде пишува дека и оревите треба да се киснат. Е сега има различно време за киснење и вели дека треба да се става и сол во водата во која киснат. За оревите пишува 4 часа дека е доволно. Јас сношти ги ставив и ги оставив цела ноќ, ама си се успав сабајлево, па им дојде повеќе од 12 часа. Водата беше кафена, како чај. Има проблем ако предолго се остават да киснат? Не ми изгледа дека се расипани, ги процедив, ги исплакнав и сега шо да им правам? Да ги употребам такви какви се, или сега треба да ги сушам?

Употреби ги такви какви што се, слободно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and lady_blue

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Имам уште прашања за киснењето :) Скоро сегде пишува дека и оревите треба да се киснат. Е сега има различно време за киснење и вели дека треба да се става и сол во водата во која киснат. За оревите пишува 4 часа дека е доволно. Јас сношти ги ставив и ги оставив цела ноќ, ама си се успав сабајлево, па им дојде повеќе од 12 часа. Водата беше кафена, како чај. Има проблем ако предолго се остават да киснат? Не ми изгледа дека се расипани, ги процедив, ги исплакнав и сега шо да им правам? Да ги употребам такви какви се, или сега треба да ги сушам?
Потребата од киснење се појавува тогаш кога некоја јатка, житарка или семка е премногу тврда за џвакање или не може убаво да се обработи во блендер. На интернет ке најдеш многу различни рецепти, но води се според твојот сопствен вкус и искуство. Јас никогаш не готвам по рецепти и затоа ми е тешко да одговорам на вакви прашања, но ке ти кажам јас како правам. Ако ги конзумирам јатките веднаш по обработката во блендер, тогаш ги киснам колку да омекнат, оревите во случајот не ги киснам бидејки се меки. Ако сакам да правам колачи кои би стоеле во фрижидер неколку дена, тогаш ги киснам, бидејки јатките и семките кога се влажни и им започнува процесот на ртење, испуштаат штетни материи. Дали ке ги сушиш после киснењето или не, се зависи од тоа што сакаш да подготвиш, но сушењето мора да е или во рерна, дехидратор или на сонце, ако влагата остане подолго на нив може да мувлосаат или да скапат.
Пулпата од јатките можеш да ја чуваш во фрижидер, но убаво да е заштитена, да не е на воздух, бидејки горниот слој ке фати кора и ке замириса, но ако истата ја помешаш со мед или некој друг засладувач како матекс или јаворов сируп, тогаш таа може многу подолго да стои, дури и повеке од една недела.
Нем никаква опасност ако конзумираш млеко (или било што од јатки обработени во блендер) а да не се киснети, ако го конзумираш веднаш после обработувањето. Јас скоро секое утро пијам ,,кафе'' од ореви, не ги киснам и сум приметила дека напитокот останува свеж само за половина час-час најмногу, потоа веќе не е за пиење.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Солта во киснењето се додава за да се убрза самиот процес, солта го извлекува сокот од растенијата и јатките побрзо ке ја испуштат таа штетна киселина. Инаку друга добра причина за киснење е и тоа што, при киснењето може да се зголеми концентрацијата на хранливи материи, ова посебно се забележува кај житарките или семињата како што е ленот или сончогледот. На некои витамини концентрацијата им се зголемува дури и за илјада пати.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Кратко и пријатно интервју со Маја Волк на тема сурова храна. Посебно ми е интересно затоа што одговара на прашања кои се најчесто поставувани од страна на скептиците и оние кои не можат да си го замислат животот без животинска храна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Повторно се навраќам на овој начин на исхрана 100% сурова растителна храна, денес е втор ден и веќе почнав да чувствувам промена во моето тело. Циркулацијата ми е значително подобрена, нозете и дланките секогаш ми се студени и ми се вкочануваат, но денес се топли. Обично често ми паѓа притисокот и имам вртоглавици и сонливост после оброците, но денес не се случи такво нешто. Ми се појави руменило на образите и исчезнаа неколку акнички кои редовно се појавуваат за време на менструалниот циклус, но иако сум во тој период, акните се повлекоа.

Инаку денес денот го почнав малку поразлично од вообичаено, не јадев овошје за доручек туку салата од зеленчук. Не успеав да сликнам за да видите како изгледа, ама еве ви рецепт. Ова многу подсетува на таратор, речиси е исто само што наместо павлака од млеко има ,,павлака,, од сончоглед и е многу повкусно

Потребни состојки
-краставици
-лукче
-копар (може свеж, а може и сушен)
-бибер
-сол
-сок од пола лимон

Краставиците и лукчето се сецкаат, ставете си онолку колку ви се јаде и во размер кој ви одговара на вкусот, зачинете со бибер, сол, копар и сок од лимон, а потоа додадете ја смесата од сончоглед и измешајте.
За смесата од сончоглед ви треба:
- 150 г. сончоглед (предходно накиснат во вода барем еден час)
- пола лажица сенф
- сок од пола лимон
- едно мало кромидче или пола кромид
- едно чешне лук
- една лажичка куркума
- бибер
- сол
- три лажици ладно цедено маслиново масло
- малку вода
Се се става во блендер.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Ја обожавам девојкава, многу ја обожавам, не можам да ви опишам колку... а рецептите нејзинииии.... ууууу.... немам зборови, самата помисла на тие вкусови и бои буди неизмерна возбуда радост во мене.
За разлика од другите сурови, вегански рецепти кои ги среќавам на интернет, нејзините се многу едноставни, лесни за подготовка, намирниците се достапни кај нас и не чинат многу.
Пробав неколку нејзини рецепти и воодушевена сум, а сите овие торти и сладоледи кои ви ги прикачив, се всушност целосни оброци, доручеци, ручеци и вечери.
Да, да, за доручек може да јадете вкусен сладолед (party)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and misterija

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
Ја обожавам девојкава, многу ја обожавам, не можам да ви опишам колку... а рецептите нејзинииии.... ууууу.... немам зборови, самата помисла на тие вкусови и бои буди неизмерна возбуда радост во мене.
За разлика од другите сурови, вегански рецепти кои ги среќавам на интернет, нејзините се многу едноставни, лесни за подготовка, намирниците се достапни кај нас и не чинат многу.
Пробав неколку нејзини рецепти и воодушевена сум, а сите овие торти и сладоледи кои ви ги прикачив, се всушност целосни оброци, доручеци, ручеци и вечери.
Да, да, за доручек може да јадете вкусен сладолед (party)
Прекрасно изгледаат питите:gladenсамо во првото видео нема точно со што се прави а во последното видео со што ги блендира јаболките??
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Прекрасно изгледаат питите:gladenсамо во првото видео нема точно со што се прави а во последното видео со што ги блендира јаболките??
Еве рецепт за првата http://www.fullyraw.com/recipes/fullyraw-chocolate-pecan-pie/
Еве за последната
Ingredients:
Approximately 10 apples of your choice (Fuji or Honeycrisp)
3-4 pounds of pitted dates
Raw dried figs (fresh figs work as well)
Cinnamon
Nutmeg

Directions for the crust:
In a food processor, combine the dried figs and approx. 2 lbs of dates until it reaches a cookie dough consistency. Press this crust into the bottom of your pie pan dish.

For the apple pie filling:
Blend 3 apples with approx 1 lb of dates, cinnamon, nutmeg, and a small bit of water until it reaches a thick, smooth, pie filling consistency.

For the layers:
Thinly slice your apples with a knife or with a mandolin and start layering your apple slices with your pie filling as shown in the video. I alternate between an apple layer with an apple pie filling spread layer. Layer up to the top, remove the hold, and slice yourself a little piece of heaven! Enjoy immensely and share with family and friends!
Инаку состојките кои не се достапни кај нас, можат да се заменат со други, на пример суви црници немам видено кај нас, но може наместо нив да се стават суви смокви, можеби вкусот нема да е ист но текстурата ке е иста, а вкусот секако ке биде добар, можеби и уште подобар одколку со црниците. Во секој случај не постојат некои строги правила како во печените десерти, овие секогаш убаво искачаат и можеш слободно да си играш со вкусовите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija