Имам уште прашања за киснењето Скоро сегде пишува дека и оревите треба да се киснат. Е сега има различно време за киснење и вели дека треба да се става и сол во водата во која киснат. За оревите пишува 4 часа дека е доволно. Јас сношти ги ставив и ги оставив цела ноќ, ама си се успав сабајлево, па им дојде повеќе од 12 часа. Водата беше кафена, како чај. Има проблем ако предолго се остават да киснат? Не ми изгледа дека се расипани, ги процедив, ги исплакнав и сега шо да им правам? Да ги употребам такви какви се, или сега треба да ги сушам?
Употреби ги такви какви што се, слободно.