Одамна се мислам дали да ја отворам темава бидејки идеата за исфрлање на животинските продукти од исхраната не поминува секогаш најдобро кај луѓето, посебно не кај членовите на овој форум ,
но не мора да сте веган за да ја јадете оваа храна, можете да ја консумирате и покрај вашето секојдневно мени.
Овие рецепти можат да ви бидат од корист кога :
- Сакате да слабеете здраво и ефикасно
- Сакате да го зајакнете имунитетот
- Сакате да го прочистите организмот
- Сакате да пробате посна храна поинаква од онаа традиционалната на која сте навикнале
- Сакате да бидете креативни домаќини на вашите посни слави и празници
и сл.
Ке ве почастам прво со едно здраво ,,капучино'' кое не само што ке ве разбуди наутро, туку и ке ве нахрани, ке ви даде многу енергија и нема да остава штетни последици по вашето здравје и што е најзабавно, можете да го пиете заедно со своите деца. Верувајте, ке го обожаваат.
(рецептот е лично мој)
Состојки:
- Непечени, живи ореви (може и индијки ореви или семки од сончослед) - една чаша од 250 мл.
- сурово, непечено какао - две лажици
- засладуваш по желба (јас користам мед или малтекс)
- мелено семе од лен (една мала лажичка)
- 1л. вода
Подготовка:
оревите ставете ги во блендер (ако користите сончоглед, тогаш натопете ги семките во вода да одстојат еден час и исцедете ги) заедно со останатите состојки и многу малку вода. Блендирате околу една минута, потоа додадете ја целата вода и промешајте уште малку.
Во блендерот може да додадете и банана, цимет или некој друг зачин по ваш избор, можете да го правите погусто или по ретко зависи од вашиот вкус.
Од количината погоре излегуваат четири полни шолји прекрасен и хранлив напиток.
Мојот омилен ручек
Шпагети од тиквички и краставици
Состојки:
- свежи тиквици и краставици (количината сами си ја одредувате)
- зелечук и додатоци по ваш избор, мој предлог - домати, свеж спанаќ, рукола, пиперка...
- прелив по ваша желба. Може да е сос од домати или некој прелив од семки и зелечуци кој сами ке си го измислите
- зачини - оригано, буковец, бибер, кари, босилек, лукче...
Подготовка :
Тиквиците и краставиците ги сечете во форма на шпагети. Тоа може да го правите со некои фенси алатки специјални за таа намена, или пак да ги сецкате на старомоден начин, прво на тенки листови долж тиквичката, па потоа на тенки парчиња што наликуваат на шпаѓети.
Потоа врз нив додавате прелив, зачини и тн.
Идеја за прелив:
Мајонез од сончоглед
состојки:
- 200 г. не печен, лупен сончоглед
- една лажица сенф
- една лажица оцет ( или сок од еден исцеден лимон)
- 100 мл ладно цедено масло
- сол по ваш вкус (можете да додадете бибер, кари или некој друг зачин по ваша желба)
- вода (додавате постепено се додека не ја добиете посакуваната густина)
Сончогледот се остава да одстои еден час во вода, потоа се процедува и се става во блендер. Веднаш се додаваат останатите состојки и малку вода. Се блендира и ако е густо разредувате со вода.
Сос од домати
состојки:
- три домати
-три црвени пиперки
- 1-2 чешниња лук
- една помала главица кромид
- една лажица црвена пипер во прав
- сол, бидер, босилек, оригано
- малку масло
- малку вода (колку да може да се испасира)
Се се става заедно во блендер
За десерт - бомбици
Состојки:
- сецкано суво овошје (урми, смокви, грозје, кајсии, брусница, сливи)
- кокосово брашно
- јатки (ореви, бадеми, лешници, индиски ореви)
- мелен лен
- мед, маџун или малтекс
- вода
Подготовка
сувото овошје се сецка ситно за да биде лепливо, да може лесно да се формираат топчиња. Исто и јатките, ги мелеме или сецкаме колку што е можно поситно. Мелениот лен го мешаме на страна заедно со засладувачот, па откако ке се добие хомогена смеса се меша со смесата од овошја и јатки. Формираме топчиња и ги прекриваме со кокос.