Сури - цитати од Kуранот

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Сура 34. Себе

47.Кажи "И каква било награда да барам од вас...па,тоа е само награда ваша.А наградата моја е само при Аллах.Он,токму,е Сведок за се."
48.Кажи "Господарот мој,сигурно ,доставува само вистина,Он е Зналец на тајните"
49.Кажи "Вистината дојде,а невистината е немоќна ни да го почне ни да го повтори создавањето."
50.Кажи "Ако скршнам во заблуда...па,навистина,скршнувам за себеси,а ако по патот вистински се упатам,тогаш,тоа,навистина,е заради она што ми е објавено од Господарот мој.
Он,навистина,е Слушач и Близок!"
51.Е,само да ги видиш кога ќе бидат уплашени!Не ќе можат да побегнат.Ќе бидат грабнати од место блиско.
52.И уште ќе речат: "Ние веруваме во Него!" Но,како оние,навистина,да го постигнат тоа од место далечно?"
53.А оние во Него порано,секако,не веруваа, за невидливото ли од место далечно?
54.Поставена е пречка меѓу нив и меѓу она кон што тежнеат.
Ете,така беше направено порано со дружините ним слични.Оние,навистина,беа во сомнение големо!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
А малку поопширно да објасниш,еден вовед за Куранот за цитатите негови-за нас што не знаеме :)
Да беше прашањево поставено во 15 век ќе те разберам,ама сега кога со еден клик ја имаш секоја информација која ти е потребана,
прашањето би го разбрал како да си наставничка, па сакаш оцена да ми ставиш!:sreken

Кликни овде тука куранот го имаш на макдеонски,наставничке!:cool:


Ја па викам Сури од студени нозе:D па после натам викам о оооо, не е : )

55.Продужи брат, ја неам појма за куран : )


:zelen
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Целта на темава е да се запознаеме со делови од Куранот за кои верувам дека на повеќето од нас не би им текнало да седнат и да ги прочитаат.
Нема потреба да навлегуваме во подбуцнувања кој какви верувања има.
Задржете се кон тоа што е пишано, а јас ќе разгледам да го проширам воведот (или авторот нека ми пише ПП ако има идеи) ако е недоволно јасен. :)
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Ок, нека биде тоа целта...

Сура 3:45-53:
И кога мелеките рекоа: "О Мерјем, Аллах, навистина, ти донесува радосница; од Него збор: името му е Месих, син на Мерјем, ќе биде виден и на овој свет и на Ахирет и еден е меѓу блиските на Аллах.
Ќе им зборува на луѓето додека е во крошната, и кога ќе биде голем, и ќе биде меѓу добрите луѓе."
Таа рече: "Господаре наш, како ќе имам дете кога ниеден маж, навистина, не ме допрел?" Он рече: "Ете, така Аллах со посак Свој создава: кога нешто ќе реши само ќе рече: 'Биди!' - и тоа, токму, ќе биде."
И Он го поучи и со Книгата, и со Мудроста, и со Тевратот, и со Инџилот
и, ете, пејгамбер до синовите Израилови: "Ви дојдов со знамение од Господарот ваш. Ќе создадам за вас нешто, навистина, од кал што ќе биде слично на птица и ќе дувнам во него и, со одобрението Аллахово, ќе стане птица; ќе излечам слеп и лепрозен и ќе оживеам умрен, со одобрението Аллахово; ќе ви кажувам што јадете и што збирате во домовите ваши, со одобрението Аллахово. Ако сте верници ете, во тоа, навистина, имате знамение,
и, еве, тука сум да го потврдам Теврат и да ви дозволам нешто од она што ви беше забрането; и ви доаѓам со знамение од Господарот ваш. Па, плашете се од Аллах и бидете ми послушни!
Аллах, навистина, е Господар мој и Господар ваш... па, обожавајте Го! Ова е патот вистински!
И бидејќи Иса го усети неверувањето нивно, рече: "Кои ќе ми бидат поддржници кон Аллах?" Учениците рекоа: "Ние ќе бидеме поддржници Аллахови, во Аллах веруваме, а ти биди сведок дека ќе бидеме, навистина, Послушни!
Господаре наш, ние веруваме во она што го објави и го следиме пејгамберот. Па, запиши нe меѓу сведоците!"

Сура 4:109
О следбеници на Книгата, не претерувајте во верата ваша, и за Аллах само вистина зборувајте! Месих, Иса синот на Мерјем, е пејгамбер Аллахов, Зборот Негов, кој Он го фрли во Мерјем, Дух од Него. Е па, верувајте во Аллах и во пејгамберите Негови, и не зборувајте “тројца” . Престанете, тоа е подобро за вас! Аллах, навистина, е еден Бог. Нека е славен Он! Зарем Он да има дете? Сe што е на небесата и на Земјата е - Аллахово! А Аллах, секако, е Доволен Закрилник!

P.S.

Ахирет = другиот свет, после смртта, вечноста во религиозна форма.
Иса = Исус Христос, Јехешуа.
Мерјем = Марија, мајката на Исус, Богородица кај христијаните.
Теврат = петте книги Мојсиеви за кои муслиманите веруваат дека денес не постојат, а сегашните се видоизменети и изопачени, но Коранот ја содржи сржта на оригиналниот божествен збор.
Инџил = Новиот завет кај христијаните. Муслиманите веруваат дека и тој не постои денес во својата првобитна оригинална форма, ами е видоизменет од противниците на Аллах, богот на муслиманите. Исто така веруваат дека Коранот ја дава вистината за Иса, Исус и ништо друго.

P.P.S. Можеби темава ќе ми стане омилена :kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Сура 7 ЕЛ-A'РАФ (Бедеми)

27. О синови Адамови,нека Шејтанот не ве заведе онака како што ги изведе од Џеннетот родителите ваши,соблекувајќи ја облеката нивна за да им ги покаже срамните места.Шејтанот и неговата дружба,навистина,ве гледаат отаде од кадешто вие не ги гледате.Ние ги опреселивме шејтаните,секако,да бидат заштитници за оние кои не веруваат.
28.И кога ќе направат срамно дело,велат:" Ние ги затекнавме родителите наши во тоа и Аллах тоа ни го нареди.Кажи:"Аллах навистина,не наредува срамно дело.Ќе го зборувате ли за Аллах она што не го знаете!?"

Шејтан - враг,ѓавол
Џеннет - рај
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Сура 16

Ен-Нахл (Пчела)

93. Аллах да сакаше, сигурно, ќе ве направеше една заедница, но Аллах скршнува во заблуда кого сака и упатува кого сака. Да, вие ќе бидете прашани за она што го работевте!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica