Студирање во странство

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Здраво на сите :) !
Моментално сум студент од четврта година на Информатика на "Гоце Делчев", и заинтересирана сум за продолжување на магистратура во Германија. Но се двоумам околу изборот на универзитет. Па некој совет добро би ми дошол :)

По, по, по...не знам ама кој го есапи универзитетот Гоце Делчев во свет? Така да мислам дека ти опаѓа опцијата за стипендија.
Друго, кога веќе ќе одиш на магистерски знаеш ли од прилика колку изнесува една година да учиш во Германија?
 
alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123

не ја разочарувај така ако познава вистински луѓе и ако пушти некој еврич на тие што треба и те како ке земе стипендија за било каде без разлика на кој универзитет студира...
 
Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
не ја разочарувај така ако познава вистински луѓе и ако пушти некој еврич на тие што треба и те како ке земе стипендија за било каде без разлика на кој универзитет студира...

Не е тоа проблем, ете и да добие стипендија, месечно требат најмалку 700-800 евра за да преживува, доколку може да си дозволи некои вакви услови, значи ќе се најде на прав пат и ќе успее да се запише на некој универзитет во Германија.

Инаку Кристина јави се во Германската Амбасада, и таму се ќе ти кажат што и како треба, информации од прва рака, па со среќа, дај боже да успееш.
 
alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Не е тоа проблем, ете и да добие стипендија, месечно требат најмалку 700-800 евра за да преживува, доколку може да си дозволи некои вакви услови, значи ќе се најде на прав пат и ќе успее да се запише на некој универзитет во Германија.

Инаку Кристина јави се во Германската Амбасада, и таму се ќе ти кажат што и како треба, информации од прва рака, па со среќа, дај боже да успееш.
нема потреба да се јавува во амбасада ако сака да појде со стипендија мора да оди до министерство за образование па после во амбасада и со стипендија мислам дека сите трошоци и се покриени е сега зависи незнам за Германија ама најубаво да појде да се распраша...
 
Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
нема потреба да се јавува во амбасада ако сака да појде со стипендија мора да оди до министерство за образование па после во амбасада и со стипендија мислам дека сите трошоци и се покриени е сега зависи незнам за Германија ама најубаво да појде да се распраша...

Мх..мх...умре тоа време кај може Германија да ги покрива СИТЕ трошоци на стипендистите.
 
kristinakristina

Нов член
10 декември 2012
5
1
3
34
По, по, по...не знам ама кој го есапи универзитетот Гоце Делчев во свет? Така да мислам дека ти опаѓа опцијата за стипендија.
Друго, кога веќе ќе одиш на магистерски знаеш ли од прилика колку изнесува една година да учиш во Германија?
Па имам информација за колешка (која пред неколку години заврши Информатика на Гоце Делчев) и нејзината диплома беше признаена во Калифорнија, и со тоа и биле отворени патиштата за понатамошно студирање и работа во Америка. Па зошто мојата да не биде признаена во Европа :) :) но се е можно...
 
kristinakristina

Нов член
10 декември 2012
5
1
3
34
Инаку за магистерски студии во Германија има многу студиски програми кои се бесплатни (за нас како земја која не е член на ЕУ) а има и такви кои се доста прифатливи, на пример од 500 до 1000 евра на семестар, секако има и многу поскапи. А за месечните трошоци можеме да си помогнеме и со работа за студенти (со пола работно време).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche

smeska

Истакнат Член
18 декември 2012
65
53
118
Доколку се оди во планот догодина ова време ќе си студирам во Холандија ... едино страв ми е за јазикот ... да ќе студирам на англиски јазик ... доволно го познавам али мислам дека сепак е малку за студирање ... страв и трема големаа :)
 
red dragon

Староседелец
27 март 2013
140
129
643
35
Има ли некој информации за постдипломски студии за во австрија ?