Пред да се запишам на Факс-новинарство и односи со јавноста, планирав претходно да студирам во друга Држава, пошто тоа го гледав како единствен излез од мизеријава и бедотијава во Мк. Но, потоа размислив, што ќе се мачам во друга држава со студии, ќе си студирам овде, за потоа кога ќе завршам или евентуално на сред ќе оставам и ќе избегам засекогаш од овде со помош на моите роднини во Германија или Австралија. И ќе си живеам богато и среќно. Пошто овдека за младиве нема живот, утредента планирам семејство да створам, како би го издржала јас тоа семејство со 13 илјади плата, а згора на тоа ако згрешам пример лично со мојата будучна струка и во некој весник напишам нешто што никад и не постоело,можат и в затвор да ме пикнат. Па би ги оставила своите деца на милост и немилост на Бога. Како и да е, што подалеку тоа подобро.