Инспирирана од статија од друга страница, решив да ја отворам оваа тема.
Во кој ред седите во амфитеатрот? Дали во првите редови, каде што народски кажано, седат „бубалиците“, кои фаќаат белешки за се и сешто, или пак седите некаде кон средината, каде што обично се оние студенти кои учат кога треба, имаат убави оценки и обично го завршуваат факултетот во одредениот рок, или пак назад, односно оние кои спијат на предавања? Каков студент сте вие?
Јас од другата година, во средина. Ниту бубалица, ниту да спијам.