Студентите во амфитеатар

Marrie

Староседелец
13 февруари 2012
509
803
693
Инспирирана од статија од друга страница, решив да ја отворам оваа тема.

Во кој ред седите во амфитеатрот? Дали во првите редови, каде што народски кажано, седат „бубалиците“, кои фаќаат белешки за се и сешто, или пак седите некаде кон средината, каде што обично се оние студенти кои учат кога треба, имаат убави оценки и обично го завршуваат факултетот во одредениот рок, или пак назад, односно оние кои спијат на предавања? Каков студент сте вие? :)

Јас од другата година, во средина. Ниту бубалица, ниту да спијам.
 

ema09

Истакнат Член
18 февруари 2012
226
411
63
на 4ти ред или 5ти зависи напред неможам да доседам ни да зборниш ни да се свртиш !
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marrie

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
31
Битола
јас гарант ке седам шо е можно по назад пошо сега во средно седам претпоследна редица оти таму е забавата..се точи ракија секое утре и кафенце си вариме по некогаш ....
напред не е интересно...
 

Marrie

Староседелец
13 февруари 2012
509
803
693
Хаха, па и јас седам на последна клупа годинава. Доста беше седење понапред, следење на предавања. Ама на факултет ќе биде друго, ќе мора да слушам :D така да, златна средина :D
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
31
Битола
јас сите четири години ги поминав или последна или препоследна клупа... назад е забавата и цигари иамме палено и кафенце со плинско си иаме варено... шо немаме назад праено...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati and Marrie

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
Во средно секогаш седев у задњи ред, таму е забавата. И сеа на факултет седам колку што можам поназад, напред седат оние кои сакаат да бидат забележани дека идат на предавање.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Затоа што студирам (студирав) на дисперзирани студии кај нас нема амфитеатар :) Седев на првата клупа......онака...отсекогаш сум бил на прва
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
јас сите четири години ги поминав или последна или препоследна клупа... назад е забавата и цигари иамме палено и кафенце со плинско си иаме варено... шо немаме назад праено...
Чекај ти како што планираш на електро да одиш, дали и ќе имаш предавања у амфи.:) Ја да не презапишев математика немаше да дочекам предавање у амфи. Ама дефинитивно ми е ептен глупаво кога имам таму предавање или вежби. Напред се изнаседнале некои ептен апла што врска немаат од тоа што се учи и сакаат да ги забележат, пишуваат се` од а до ш и најчесто таквите се добри само за да ископираш тетратки од предавања зашто нема потреба да пишуваш:)
Средина е друга прича. Средина се прават муабети за музика, за појачала, гитари, електроника, машини, игри, компјутери...колешки, асистентки:D и сл.
Последни редови не ни има доволно студенти за да ги пополнат, ама кога доаѓаат (обично пред испити и колоквиуми) или спијат или се придружуваат на средина и гледаме сеир од асистентките:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marrie

mAcIkA

Истакнат Член
14 февруари 2012
382
516
393
зависи до професорот ,ако е убав седам понапред..ако не спијам позади..Ако е професорка не се ни мислам,седнувам кај шо можам на раат да дремам:D
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
јас сите четири години ги поминав или последна или препоследна клупа... назад е забавата и цигари иамме палено и кафенце со плинско си иаме варено... шо немаме назад праено...
Хахах, бато кај учите вие, у менза? :D