Цел чин нежности
Експозиција...
Заносна игра,
со мојата заводничка црвена марама...
Само фолирање...или има и малку страст?
Позаносна игра...
со моите заводнички поглед и насмевка.
Но, подоцна...
Заплет...
Игра во твојата мрачна дневна соба,
игра поттикната од претходната...
Кулминација...
Го туркаш безмилосно моето кревко тело на креветот,
Ти сметаат ќебето, нашата облека, чаршавите...
Неможам да ги следам отчукувањата на моето запоседнато срце...
А во умов 300 мисли ми прелетуваат...
Задоволство...ахххх, да...
Но грешно е...
Неверно е...
Ајде остави го тоа за подоцна,
сега само остави на чинот,да заврши онака како што доликува...
Расплет...
Магично задоволување на чувствата,
Успешно завршен чин...
Но сепак, не е готово...
Взаемно делење нежности,
позајмување на топлината од нашите тела...
Повторно...
Кулминација...
Нашите тела се полнат со возбуда...
Посакување...
Имање...
И повторно...
Расплет...
Но сега...оној последниот...
Вистинскиот.
Крај и на вториот чин.
Доволно беше...
Перипетија...
Сега можеме само да се гушнеме,
како победници во овој чин...
Да ја почувствуваш нежноста на моите бакнежи,
да копнееме со душата...
Заклучок...
Нема...
тој дел е изоставен во овој чин...
Премногу сум слаба и кревка за тоа...
Неможам сега да мислам за понатаму,
сега...
само сакам да уживам во моментов...