Страста како поетска инспирација

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Цел чин нежности


Експозиција...
Заносна игра,
со мојата заводничка црвена марама...
Само фолирање...или има и малку страст?
Позаносна игра...
со моите заводнички поглед и насмевка.
Но, подоцна...

Заплет...
Игра во твојата мрачна дневна соба,
игра поттикната од претходната...

Кулминација...
Го туркаш безмилосно моето кревко тело на креветот,
Ти сметаат ќебето, нашата облека, чаршавите...
Неможам да ги следам отчукувањата на моето запоседнато срце...
А во умов 300 мисли ми прелетуваат...
Задоволство...ахххх, да...
Но грешно е...
Неверно е...
Ајде остави го тоа за подоцна,
сега само остави на чинот,да заврши онака како што доликува...

Расплет...
Магично задоволување на чувствата,
Успешно завршен чин...
Но сепак, не е готово...
Взаемно делење нежности,
позајмување на топлината од нашите тела...
Повторно...

Кулминација...
Нашите тела се полнат со возбуда...
Посакување...
Имање...
И повторно...

Расплет...
Но сега...оној последниот...
Вистинскиот.
Крај и на вториот чин.
Доволно беше...

Перипетија...
Сега можеме само да се гушнеме,
како победници во овој чин...
Да ја почувствуваш нежноста на моите бакнежи,
да копнееме со душата...

Заклучок...
Нема...
тој дел е изоставен во овој чин...
Премногу сум слаба и кревка за тоа...
Неможам сега да мислам за понатаму,
сега...
само сакам да уживам во моментов...
 

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Што ако?!

Ден по ден се почувствителна
период облеан со емоции,
Збунета и Проста...

Стојам пред него
гола и безопасна,
само го зјапам
и пробувам да сфатам...
Желба за страст во очите,
но грутка во градите...
Грутка кривица,
грутка грешка,
грутка непромислена ситуација...
но и грутка...
силно взаемно посакување...

Јас и тој-различни, но исти
исто нешто сакаме-несвесно...
Но...што ако?

Што ако ме посакува?
Погрешно е, недозволиво...
Што ако го посакувам?
Безвезно е, безцелно...
Што ако...?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten and 048

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Проклето ми требаш....пак
Еден тон харизматични насмевки,
Дланки полни наивност и искреност,
Прилив од удобни прегратки,
Зрак чудно чувство на убавост...

Взаемно позамување на допирите
по нашите треперливи тела,
волшебната колминација
доживувајќи ја
над неговата нетрпелива снага...
Неодоливиот копнеж
по нешто ново,
по уште,
и уште,
и уште...

Нема уште...

Проклето неизразување чувства
Проклети недокажани зборови,
Проклет ТИ,
Проклета ЈАС
Проклето исчекување...
Проклето појави се,
Проклето....ми требаш.

За НАЈПРОКЛЕТО уште...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Nightmare_f

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Делириум

Ги затворам очиве,
ме понесува...

Ги чувствувам вибрациите,
ме збеснува...

Се препуштам на магијата,
ме возбудува...

Полетувам кон небото,
ме полудува...

Ме лазат морници,
дали сонувам...

Ми треперат рацеве,
дали потонувам...

Ме обзема топлината
дали експлодирам...

Ме тресе и студот,
дали фантазирам...

Ми ја исполнува душата,
дел по дел...

Мешавини во мене,
ко егзотичен коктел!

2ikfo5.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Се грчи и исправа, војник во градина полеана од роса,
покорена Лилит трепетно моли, клекната, гола и боса...
Крик!

Не успеа да намокри усни напукани и суви,
Не понесе со себе превез за самост во приказни ноќни,
не превитка лажно ножни прсти,
не сопре трепет на колена од напливи вулкански, моќни...

Гребеше, врескаше
тонеше, трескаше...

Моќна е силата на синот на Ерос,
разбиени прегради од срам и чекање,
подбутната врата во одајата за лелекање,
моќна е силата на синот на Ерос.

Понесена на раце низ нирвански висови,
отпишана од сите морални списови,
зад неа војник низ пастувски метеж, со раздивен глас
принесе неродена жртва, злоба и спас!
 

Estelle

Полноправен Член
20 октомври 2013
25
75
13
Страствени мисли ме обземаат
во светлина нежно пригушена
во ноќта.
Со незапирлива моќ
се шират низ моето тело,
боејќи чувства на возбуда,дивост и воздишки..
Твоето име на усниве мои..
Скроти ја оваа дивост
која излегува од мене..
Биди мој господар оваа ноќ..
Јас сум твоја робинка,
робинка на љубовта која гори
како разбеснет оган во затишјето
на денот сплотен во ноќта.
Ти се предавам оваа ноќ,
посакај и играј со мене.
Препушти се на магијата на страста и понеси ме во забранета возбуда.
Пушти ме да полудам
и скроти ме.
Со посебен шарм,ги допираш моите усни,
заведувајќи ме,
воздишки врели те повикуваат..
Обои го моето тело со допири страсни.
Твоја сум оваа ноќ..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer and *V******

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Те голтам со погледи
а ти во твоите педесетти,
сакам да ми бидеш љубовник.....
го сакам секој прамен од твојата сива коса.....
направи ме мудра и глупава , дозволи ми ...да те допрам...да ти се насмеам....
се топам под твојот мирис....и твојата кожа е стара ....
и дрвјата се стари ...со најубавите цветови...и најубавите цреши....
а Ти ме грееш...недозволиво.....зацрвенета....како круша под септемвриско сонце......
немоќна, и мила и лавица ќе ти бидам.....а ти мое вино.....Дојди!!!
Предрасуди! .....нека одам на гилотина ....сакам да ми бидеш љубовник!.....
усните ми се изгризани....од секоја перверзна помисла на тебе, ти дишеш, а јас лебдам,
ме загреваш а јас ќе пукнам, не ми дозволувај ништо те молам...се плашам !
Ќе те растргнам на парчиња , и гладна сум и жедна....се плашам....
Не им се допаѓаме, не колнат, ..нека не колнат....и јас се колнам себе си...
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Како подобро да ја опишам страста,
ако не со очите твои,
како подобро да ја опишам страста,
ако не со бакнежи рој.
Како подобро да ја опишам страста,
ако не со желбата да те имам,
Како подобро да ја опишам страста,
ако не со желбата потполно твоја да бидам.
Како подобро да ја опишам страста,
ако не со две тела споени во едно,
како подобро да ја опишам страста,
ако не со допири врели,
како подобро да ја опишам страста,
ако не со копнежот повторно да те видам.
Како подобро да ја опишам страста,
ако не со фантазиите во мојот ум,
како подобро да ја опишам страста ,
ако не со бакнувањата на ветровиот шум,
Како подобро да ја опишам страстa,
ако не со името твое :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija