Страв од смртта

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Сега ве нервираат можеби, ама кога еден ден ќе се во право и ќе ги снема, ќе ве заболи. Џабе играње tough cookies.
Родители, па и општо луѓе со кои си навикнал цел живот, немаат старост.
Баба ми кукаше откако знам за себе...онака, типичен старечки муабет.
Посебно ми недостасува она „Догодина ако сум жива, не ставам кисела зелка“ (пошто ептен до ситница средуваше по цели денови)...и пак секоја година ставаше зашто знаеше колку сакам сарма. А 85 ги имаше кога почина, беше витална, права и здрава...да не скршеше колк, па тромбови и ово оно, ќе тераше уште и мило ќе ми беше да беше така, па нека се жали колку милува.
Не би го ни нарекла тоа страв од смрт. Нормално дека кога ќе дојдеш до некоја одредена возраст, свесен си дека не ти остануваат уште не знам колку години, па таквиот муабет преминува некако повеќе во рутина отколку што е права паника. Нормално, сепак е разбирливо пошто е непознато.

Тоа во воведот повеќе ми делува на хипохондрија, а тоа баш и не бира возраст.
Мада може да е и недостаток на внимание кој го компензира на тој начин за да чуе дека вреди и дека е сакана. Посебно ако живее (претежно) сама.
Бар децата знаат дека со глумење со болести привлекуваат внимание. Поголемиве не би требало да се многу различни, само поскриени.
Проблемот е и што поголем дел постари луѓе не се најинформирани, па веруваат дека по ТВ и од народ само вистини идат. Нема што да прават, седат по дома, гледаат сваштарии и размислуваат за истите. Седнете ги, прошетајте ги, кажете им колку ви значат, ама и дека за нивно добро сакате да смените тема на разговор, ако треба и пребарајте за болеста од која се плашат, па разубедете ги...не знам. Јасно ми е колку е мачно, ама знае да се исплати некогаш.
За болдираново, океј е, ама зошто да не ја помнам по добри работи, по тоа што била ведра, ме расположила и тако даље, ами по тоа дека нон-стоп трчаше по болници и постојано ги загрижува моите залудно? Цел ден спие и вечерта нема што да праве и ајде на болница. Не е свесна дека почнуваат да и зборат и зад грб веќе. А за прошетките што велиш ние постојано и велиме Оди прошетај, нека те виде сонцето. Она дома ќе се затворе и сите турски серии ги гледа, не само премиерите ами и репризите. Значи здрава, права, ништо не и фале а постојано се жале. Некои стари луѓе не можат да одат, па пак не сум ги видел толку да се жалат. Одам кај баби и дедовци на пријатели па никогаш не се жалат толку. Ако однесам некој другар кај неа постојано му се жали, го замара а овој сочувствително гледа накај мене не знае што да каже кутриот. Веќе не ми се ни оди кај неа, најсериозно. Ако ти дошло времето ти дошло и ти не можиш ништо да направиш да го спречиш тоа. Може јас утре ќе умрам еве, така? Никој не знае кога му е пишано да замине од овој свет. Јас мислам дека нејзе цела пензија и оди по таксиња до болници. Претходната недела, заборавила пари и ноќно време си идела сама од болница. Знам братучед ми ја задеваше Ти е страв ти е страв, а ноќно време сама скиташ. Нема смисла.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: x2b4y4

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
За болдираново, океј е, ама зошто да не ја помнам по добри работи, по тоа што била ведра, ме расположила и тако даље, ами по тоа дека нон-стоп трчаше по болници и постојано ги загрижува моите залудно? Цел ден спие и вечерта нема што да праве и ајде на болница. Не е свесна дека почнуваат да и зборат и зад грб веќе. А за прошетките што велиш ние постојано и велиме Оди прошетај, нека те виде сонцето. Она дома ќе се затворе и сите турски серии ги гледа, не само премиерите ами и репризите. Значи здрава, права, ништо не и фале а постојано се жале. Некои стари луѓе не можат да одат, па пак не сум ги видел толку да се жалат. Одам кај баби и дедовци на пријатели па никогаш не се жалат толку. Ако однесам некој другар кај неа постојано му се жали, го замара а овој сочувствително гледа накај мене не знае што да каже кутриот. Веќе не ми се ни оди кај неа, најсериозно. Ако ти дошло времето ти дошло и ти не можиш ништо да направиш да го спречиш тоа. Може јас утре ќе умрам еве, така? Никој не знае кога му е пишано да замине од овој свет. Јас мислам дека нејзе цела пензија и оди по таксиња до болници. Претходната недела, заборавила пари и ноќно време си идела сама од болница. Знам братучед ми ја задеваше Ти е страв ти е страв, а ноќно време сама скиташ. Нема смисла.
Ма, јасни ми се мене, ама шта чеш...
Не е мое да извлекувам заклучоци, може и ќе згрешам, ама ете, пак ќе се повикам на тоа дека ѝ фали внимание.
Не сама да излезе да ја види сонце, не затворена да гледа турски серии, не сама да оди по болници, туку да има некој нејзин со неа, да види дека се грижат. Не џабе велат дека стар човек е ко мало дете. Поаѓам пак од баба ми. Имаше такви периоди чат-пат, претежно кога по дома бевме полни обврски, без време да седнеме ко луѓе на муабет. При сиот умор, ќе ја однесевме на болница кога ќе се жалеше, ќе ѝ речеа дека не е ништо, и на крај ќе ни речеше: Па ете, се прошетавме малку. Значи до тоа било.
Веројатно ко и постарите братчиња/сестричиња кога се осеќаат запоставено, така и постариве луѓе го добиваат тоа чувство дека секому пречат и секој своето си го гледа, па ко и секој со разнишана самодоверба, бараат вреднување.
Што да кажам...само стиснете заби. Потсетете ја дека ја сакате, разубавете ѝ го денот со некоја ситница - цвет, сварете ѝ кафе, семеен ручек...
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Се` е тоа игра за добивање внимание и играње на чувството за вина кај потомците, треба да се игнорираат таквите испади, ако се жали нека преземе нешто, ако преземе нешто и излезе дека нема проблеми готова прича а ако само кука и не презема ништо - игнор и мирна глава.
Имам многу примери од блискаа и подалечна родбина...
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
Најмногу нешто што се плашам е токму смртта несакам ни да помислам на тоа и не сакам да вервам дека ќе е така
:frantic:ladno
 

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Више неам ниту една баба. И двете умреа на сличен начин и ноќе.
Првата баба почина во 10часот навечер, а втората во 3 часот по полноќ.
И тоа е.
 

TheCat

Староседелец
22 февруари 2012
193
381
663
Без разлика колку е млад или стар човек се грижи за себе, да не му се случи нешто, баш тие грижи доведуваат и да се случи нешто. Доколку сам си дадеш команда, или пак некој друг ти го вметне тоа во мислите дека ако не се облечеш топло и излезеш со водена коса ќе се разболиш, ти најверојатно ако постапиш така ќе се разболиш. Мислам дека секој човек кој што е преокупиран со тие мисли нема доволно работа, односно не се впушта во акција. За таквите луѓе најдобро е да се држат зафатени, да се изморат и на крај од денот ќе спијат слатко и ќе немаат време за размислување која болест ќе ме зафати сега. Умот што го користат за тоа од што ќе се разболи наредно, само треба да се пренасочи кон нешто конструктивно и тоа е се. :)
Порано или покасно на сите ќе ни дојде тој ден, колку повеќе значење му даваш побрзо ќе те стигне, секој е креатор на својата судбина и од него зависи како ќе живее и кога ќе умре.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ditto+Maker

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Смртта како и раѓањето е природен процес. Секој кој се родил мора и да умре. Не е страшно ако има ред, како што вели народот. Страв од сопствената смрт не треба да постои. Затоа што секој човек има сопствена интуиција кога ќе замине. Некогаш ќе слушнеме некој се испоздравил со пријателите и умрел.Освен насилната смрт , човекот оди спремен на тој свет. Мислам дека нема болка во самиот чин како и што нема болка кога се раѓаме . Природата тие нормални премини ги направила на совршен начин само како што таа умее да ги направи. Се трудам по 40 година да живеам како утре да заминам, без маски, без долгови, без недоречени работи и недовршени задачи, оставајќи убави спомени за луѓето кои ме познаваат. Тоа е многу секојдневна работа . А колку космосот ни подари вдишувања и издишувања се наш подарок и гостување на планетата земја. Треба само правилно и добронамерно да се искористат во квалитетен живот.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Имам една книга се вика `Камикази` од некојси Јохан Вагенхалс која е збир на писма кои младите летачи и по некој морнар (имало и торпеда управувани од човек) ги пишувале на своите најмили пред............ настанот.
Инаку на македонски е книгата преведена, ја купив случајно од уличен продавач еднаш, пред се језиво но и многу поучно дело.
Не можев да се изначудам на патетиката и невообичаено изразените емоции на наводно фанатичните и студени јапански летачи и морнари. So much for the popular narrative.
Од една страна се свесни за залудноста и глупоста на сета ситуација, од друга сепак одат до крај и се самоубиваат.
Каде настанал краток спој меѓу спознанието за бесмисленото жртвување на сопствениот млад живот и помислата на одбивање на такви наредби не ми е јасно.
Некаде, некој ја згрешил работата. Brains were washed.

On the bright side, некаде 1/10 од камиказите принудно слетувале на вода или по ливади и плажи и така успевале да ја измамат глупавоста на смртта за господарот, некаков дебел паразит со дворец во Кјото.
 

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Да, премногу се плашам од смртта, од длабочината на мојата душа која е вечна, извира огромен страв од процесот на умирање....чудно..Зарем христијани треба да се плашат од смрт, од поврзување и средба со бог???
Колку и да избегнуваме вакви теми и да не размислуваме за смртта, во еден дел од нашиот мозок секогаш стои фактот дека не сме вечни.
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Што знам, некад ми е страв од тоа да не умрам а некад си викам па тоа е нормален завршен процес кај живите суштества затоа живеј како што сакаш додека можеш. А за страв од смртта кој ни поминува низ коски и кога не умираме а мислиме за тоа, значи дека само мислиме за тоа и ништо повеќе:D
Сите некогаш ќе умреме, колку и да не сакаме, затоа посветете се на моментов и уживајте, правете што душата ви сака и што ја исполнува.