Среќна сум.
А особено кога:
- Козметичарката ќе заборави неколку квадрати кожа, а претходно ми се расипал депилаторот.
- Кога ќе ми капне кечап на панталони - Марфи е во право. Секогаш мора да бидат бели.
- Кога ќе се удрам со друг пешак зашто погледот ми бил закован надолу, надевајќи се дека ќе најдам пари.
- Кога ќе фатам такси со пари кои не ми се доволни, па се симнувам многу понапред од таму каде што треба.
- Кога ќе искинам хулахопки, вчерашно купени.
- Кога ќе ми вибрира очен нерв и ќе ме теши дека погоре наведеното нема да се повтори зашто е вистинска среќа да излезам една вечер и да не скинам хулахопки, да бидам целосно деплирана и да не се покапам на новиот бел фустан, со доволно пари во себе и такси до пред куќа.