Постојано има на интернет преноси во живо од секое европско, светско итн. а дека не е промовиран како спорт се согласувам и тука најмногу вината лежи во федерацијата. во нашата јавност постојано се пишува и зборува за резултатите на два клуба само и јавноста добива една голема лажна претстава за целото случување. патем каратето е и најмасовен спорт можам слободно да кажам, зошто и најниско рангираниот натпревар не поминува со под 300-400 натпреварувачи.Немаме многу информации за каратето друже, а и каратето како спорт не е многу промовиран. Нема преноси од ниедно Европско или Светско првенство на нашите канали, а има по најмалку 10-тина наши учесници на секое првенство кои освојуваат медали, ама тоа е. Ако имаш некои информации, слободно споделувај.
Како информација утре македонската кадетско-јуниорска репрезентација заминува на балканско првенство кое ќе се одржи во Крагујевац и лично јас како дел од таа репрезентација очекувам успешно да се вратиме дома со доста медали и повторно да го потврдиме тоа дека во македонија најголемите резултати во однос на спортот се постигнати во каратето (не ги омаловажувам остантите спортови и воопшто не го оспорувам тоа што го постигнуваат, само ја кажувам реланоста со која слабо е запознаена македонската јавност)