Јас мислам дека подобра порака би се пратило ако стадионот е полн и се свири на секој наш напад. Уствари мене не ме ни интересира фудбалската репрезентација наша, ова сега што го играат не ми личи на фудбал. Украинциве не се замараат, гледаат дека сме за никаде и си одмараат по терен. Прееска сретнав неколку играчи на Украина низ град, си се смеат си шетаат гајле им е. Ќе се замарале со нас.
Каква публика бараат да доаѓа да ги гледа кога губат од сите можни репрезентации, некои од оние островине таму кај Австралија да се соберат 11 души, и тие ќе не победат. Не ќе ми кажуваат играчите не се виновни, па кој е јас да не сум. ФФМ не чини точно е, ама ако играчите толку се трудат како што кажуваат значи дека врска си немаат затоа што губиме од сите. Кои играчи ги има Луксембург па да не победи, се собрале од улица 11 души, се викале од дома за да играат против нас и да не победат, а овие нашиве фудбалери, ѕвезди, играчишта, губат од улични играчи.
Фудбал и Македонија не одат заедно, ние сме за радување кога ќе победи друг.