Топло добредојде во современиот свет на измешани ароми од материјализам, љубов и љубов кон материјализмот!Денешните жени се симбол на силата и самостојноста, а дали тоа ги прави материјалисти или не, е само нивно право. Многу пати сте се прашале дали жените кои стојат стабилно на финанскиски план се “спонзоруши.” А ,дали тоа е навистина така или само си уживаат во успешни кариери, земете си за слобода и прашајте ги.Мое мислење е тоа под Б), зашто скапата облека ја крие и чистота, а и тоталниот безобразлук е да се искористуваат мажите.Не дека го немаат тоа заслужено, поради тоа што секоја од нас била повредена од нивна страна, но сепак имаме премногу добро срце и да ги сожалуваме.Скапите високи потпетици се само доказ дека можеме да бидеме успешни без маж. Тој не е доказ дека сум успешна, тој е доказ само на мојата способност да им покажам дека потпетицата ми е многу подолга од нивната “гордост” .Па и ние сме како нив. Сакаме високи потпетици, со истата онаа страст како тие кога гледаат фудбалски натпревар, и зашто тој да биде во прв план кога секоја моја потпетица издржала многу подолго од неговите возбуди. Тие се заљубуваат во секоја која ќе ги помине покрај нив, а ние во секој излог со чевли. Само предност ни е тоа што нашата љубов ние можеме веднаш да ја имаме но и за секој случај да си дозволиме уште петнаесетина чифта плус.Не го ставам мажот во предност пред се затоа што високата потпетица никогаш не ме изневерила, оставајќи ме со срушени илузии.Кој е вашиот избор?П.С. Денес го нема очекуваниот доручек во кревет, розата за извини и подарокот без повод...
Тука можете да ги споделите вашите пишани дела, и да добиете искрена критика или пофалба...


