НИ ендо ни друго не се баш најсовршени со оглед на тоа што ни ендо ни друго не се целосно во практика така како што се во теорија.Социјалзимот е ок...можеш да заработиш и имаш ама проблем е што сите се исти сите имаат некој работел се мачел друг и не работел баш толку многу а исто како првиот има.Кај капитализмов се јавууват ептен многу разлики и полека ја снемуваа онаа Средната класа која е столб на секое општество.Друга работа е што капитализмот не посзнава милост и "емоции" сите гледаат за своето и тоа како да го укрупнат на сметка на другиот...идеално би било некој микс на овие...
Сеа одлучу се. Социјализам е лошо затоа што постои средна класа, капитализам е лошо зашто не постои средна класа (според тебе). Не можеш да најдеш совршено општество се` додека го има зборот „општество“ во својата дефиниција. Двете општества за кои станува збор овде се сосема спротивни. Социјализмот е...можеш да заработиш и да имаш, ја делиш придобивката со сите и затоа тежнее кон средна класа т.е. рамноправност. Сеа некој се мачел, некој не се мачел воопшто..тоа и не е баш така. Оној кој што се мачел ако не добие нешто може да се пожали и ќе добие, оној кој не се мачел нема како да добие. Кога ќе видиш сите работат, сите имаат и кога не би гледале пример од лакомоста на капиталистичките тајкуни би биле задоволни со она што го имаат и би биле задоволни што заеднички го споделуваат трудот. Тежнее кон комунизам, т.е. комуна во која нема никакви класи туку постои само една класа која има диференцијал кој тежнее кон нула.
Капитализмот од друга страна е survival of the fittest. За да успееш треба да си болно бесчувствително ладнокрвно копиле кое би ја исецкало сопствената мајка и би ја смелил во машина за мелење месо за да може да има повеќе хартии од вредност. Нема да јадам бабури и да го негирам ова општество зашто ќе бидам грешно сфатен. На крај, според тебе капитализмот се сведува на тоа кој колку се труди и колку хартии од вредност има за да може повеќе да тежи.